Пост Малоун ја победи Били Ајлиш, триумфираше на американските Билборд награди


САД – Американскиот рапер Остин Ричард Пост, попознат како Пост Малоун освои девет од вкупно 16 номинации за Билборд наградите во САД.

Лизо

Тој ја победи и Били Ајлиш во категоријата Најдобар изведувач на годината, а ги собра и одличијата за рап-албум, рап-изведувач, машки изведувач…

Сиа

– Почестен сум од вашата љубов тука вечерва, изјави тој прифаќајќи ја главната награда.

Били Ајлиш

Били Ајлиш победи во категориите за женски изведувач, нов изведувач, и поп-албум.

Доја Кет

Свеченоста се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Водителка беше рок-ѕвездата Кели Кларксон.

Шер

Момент за издвоујвање е и емотивниот настап на Џон Леџенд со песната „Never Break” којашто тој ја посвети на својата сопруга Криси Тајген, која неодамно доживеа спонтан абортус.

Џон Леџенд