Џорџ Клуни како режисер на филм според книгата „Калико Џо“ на Џон Гришам

САД– Џорџ Клуни ќе биде дел од филмската екранизација на книгата „Калико Џо“ на Џон Гришам. Глумецот се споменува и како можен режисер на филмот.

„Калико Џо“ (Calico Joe) е првата спортска, бејзбол-книга на Џон Гришам, издадена 2012 година.

Дел од проектот ќе биде и актерот и продуцент Грант Хеслов. Тој и Клуни соработуваа и заради „Арго“ од 2012, којшто го доби оскарот за најдобар филм.

Новиот филм е сѐ уште во претпродукција.