Зверев ја освои 12. АТП-титула во кариерата


Седмиот светски рекет, Александар Зверев го освои трофејот на турнирот во Келн, победувајќи го денес во финалето 20-годишниот Феликс Ожер-Алиасим со 2-0, по сетови 6:3 и 6:3.

Дваесет и тригодишниот Зверев го одигра своето 20. финале на АТП турнирите и ја освои својата 12-та титула. Меѓу активните тенисери, само 12 играчи имаат повеќе трофеи од Германецот.

Од друга страна, Ожер-Алиасим, го претрпе шестиот пораз во шестото финале во кариерата. Во решавачките натпревари, Канаѓанецот сè уште нема освоено сет.