Сончево, со услови за краткотраен дожд


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови, каде ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од три до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во западните делови денеска ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Потоа следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура до понеделник ќе опаѓа, а потоа ќе биде во благ пораст. Наутро по котлините кон средината на неделата ќе има се повеќе услови за појава на магла.