Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час


Секторот за внатрешни работи – Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(38) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“ во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ и против А.Р.(43) поради постоење основи на …

Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час Read More »

Гитарата од „последниот автопортрет“ на Курт Кобејн оди на аукција


САД – Гитарата на Курт Кобејн од неговиот „последен автопортрет“ како што угледното списание „Ролинг стоун“ го нарече тој перформанс, оди на аукција во Беверли Хилс, Калифорнија, соопшти американската аукциска куќа „Џулиен’с окшнс“. Се работи за електрична „Мартин Д-18-Е“ гитара. Кобејн со неа и со неговата група „Нирвана“ настапи на „MTV Unplugged” во Њујорк, 1993 година, неколку …

Гитарата од „последниот автопортрет“ на Курт Кобејн оди на аукција Read More »

И културата чека на Комисијата за заразни болести


Културата продолжува вонредно да функционира во време на корона. Сите фестивали, театарски претстави и концерти чекаат на одлуките на Комисијата за заразни болести и Владата, па дури потоа да ја конципираат програмата, со една дилема што со средствата кои ги добиле за одредени проекти, но не се во можност да ги реализираат во дадениот рок. …

И културата чека на Комисијата за заразни болести Read More »

Без вакцина нема да имаме нормален живот, тврди експерт за вируси


Англија- Топ научник кој е позитивен на Ковид-19 тврди дека светот нема да биде пак нормален без вакцина за коронавирус. Проф. Петер Пио, директорот на London School of Hygiene & Tropical Medicine,  беше една недела во болница откако се заразил од вирусот во март. Белгискиот вирологист, која ја предводеше Програмата на ООН за ХИВ/СИДА од …

Без вакцина нема да имаме нормален живот, тврди експерт за вируси Read More »

„Најсреќниот човек на светот“ и фестивалот „Македокс“ со поддршка од „Креативна Европа медија“


Агенцијата за филм соопшти дека фестивалот „Македокс“ и новиот филм во развој на продукцијата „Сестри и брат Митевски“ добија финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа медија“, која го финансира аудиовизуелниот сектор во Европа. „Најсреќниот човек на светот“, новиот филм во развој на продукцијата „Сестри и брат Митевски“, режија на Теона Стругар-Митевска, ја доби поддршката од „Креативна …

„Најсреќниот човек на светот“ и фестивалот „Македокс“ со поддршка од „Креативна Европа медија“ Read More »

Боно прослави 60 години со листа од 60 песни кои му го спасиле животот


САД- Славниот Боно од „Ју-Ту“ го прослави вчера 60.роденден објавувајќи плејлиста од „60 песни што му го спасиle животот“, со ветување дека ќе напише „фан-писмо“ до сите 60 уметници. Неговиот список со 60 спасители на живот ги вклучува уметниците што најмногу очекувате, како што се Павароти, Ник Кејв, Боб Дилан, Лу Рид, Пети Смит, Џони …

Боно прослави 60 години со листа од 60 песни кои му го спасиле животот Read More »

Грција ги отвора продавниците, но не и моловите


Грција – Со отворање на сите продавници за малопродажба, со исклучок на трговските центри и моловите, со враќање на матурантите во училишните клупи, со отворање на автошколите, со враќање на работа на 70 отсто од државните службеници, денеска во Грција започнува втората фаза од планот за олабавување на рестриктивните мерки, јави дописничката на МИА од Атина. …

Грција ги отвора продавниците, но не и моловите Read More »

Денеска ќе се знае дали ќе има олеснување на мерките


Трендот на нови случаи со Ковид-19, чиј број вчера изнесуваше 20, а завчера 36, ќе биде разгледуван денеска на состанок на Комисијата за заразни болести, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за натамошно постапување во однос на воведените мерки за заштита од ширење на коронавирусот и според тоа, ќе се знае дали …

Денеска ќе се знае дали ќе има олеснување на мерките Read More »

Американскиот потпретседател Мајк Пенс е во самоизолација


САД – Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, се наоѓа во самоизолација, надвор од Белата куќа, откако беше потврдено дека неговиот портпарол е заразен со коронавирусот, пренесува Блумберг, повикувајќи се на тројца неименувани извори запознаени со ситуацијата. Пенс, во саботата,  не присуствуваше на состанокот со  претседателот Доналд Трамп и восоко рангираните воени претставници. Еден од изворте на Блумберг …

Американскиот потпретседател Мајк Пенс е во самоизолација Read More »

Сончево и топло со мала облачност, температурата до 30 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 22 до 30 степени. Во Скопје и …

Сончево и топло со мала облачност, температурата до 30 степени Read More »

Конте: Нема летото да го минеме на балкони туку на плажи


Италија – Премиерот на Италија Џузепе Конте денеска им порача на Италијанците дека ќе можат да ги поминат годишните одмори на плажи и туристички дестинации во земјата, која почна постепено ги укинува ограничувањата воведени во борбата против епидемијата на новиот коронавирус. – Летото нема да го поминеме на балконите, оставајќи ги убавините на Италија во карантин. …

Конте: Нема летото да го минеме на балкони туку на плажи Read More »

„Becoming“ на Нетфликс: Мишел раскажа за бракот со Барак Обама


САД– Во мемоарите на Мишел Обама (56) кои станаа бестселер , Becoming, поранешната прва дама е искрена за тешкотиите со кои се соочиле со својот сопруг низ 30-те години поминати заедно. Иако нивната посветеност еден на друг остана стабилна откако се венчаа во октомври 1992 година, нивните животи се искомплицирале додека таа се борела да затрудни, …

„Becoming“ на Нетфликс: Мишел раскажа за бракот со Барак Обама Read More »

Полицискиот синдикат до лидерите на верските заедници: Не го загрозувајте нашето здравје


Македонскиот полициски синдикат (МПС) од името на сите вработени во Министерството за внатрешни работи апелира до лидерите на верските заедници и сите граѓани да се воздржат од организирање на верски манифестации, настани или да поттикнат собирање на граѓани и на каков било друг начин да не се почитуваат донесените мерки за заштита од Ковид-19. – …

Полицискиот синдикат до лидерите на верските заедници: Не го загрозувајте нашето здравје Read More »

Реал Мадрид драстично ќе ги намали платите следната сезона


Шпанија – Раководството на Реал Мадрид планира да ги намали платите на играчите и директорите следната сезона, пишува „АС“. За тековната кампања, веќе е официјално објавено дека кралскиот клуб ќе ги намали платите на играчите и газдите за 10 проценти. Мрачните прогнози за недостаток на публика на трибините и во новата сезона ги натера „Лос Бланкос“ …

Реал Мадрид драстично ќе ги намали платите следната сезона Read More »

Ковид-19: Французите најмногу им веруваат на лекарите, а најмалку на социјалните мрежи


Франција- Според анкетата на Ифоп за консултантската фирма „Но Ком“ објавена оваа недела, „Ле Паризиен“, 65 отсто од Французите сметаат дека е подобро да се преземат премногу мерки на претпазливост отколку брзо враќање во нормалниот живот што би било ризично во однос на здравјето, јави дописникот на МИА од Париз. Голем број од анкетираните, дури …

Ковид-19: Французите најмногу им веруваат на лекарите, а најмалку на социјалните мрежи Read More »

Институт „Крсте Мисирков“: Македонскиот јазик е реалност


– Заедничката иднина треба да се гради со меѓусебна доверба и пријателство. Тоа ќе се постигне само доколку се прифатиме и вистински се почитуваме, а секој што претендира себеси да се смета за научник мора да биде во согласност со времето. Основно човеково право е правото на употреба на мајчиниот јазик и на самоопределување. Секој …

Институт „Крсте Мисирков“: Македонскиот јазик е реалност Read More »

Нови 20 случаи на Ковид 19, последното деноноќие оздравеле 24 лица


Дваесет нови случаи на Ковид 19 и  24 оздравени се евидентирани во последното деноноќие, информираат од Министерството за здравство. Според податоците оздравените пациенти се регистрирани во Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1 и Велес двајца. Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, потврдени  нови случаи на ковид-19 се во Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1. Вкупната бројка …

Нови 20 случаи на Ковид 19, последното деноноќие оздравеле 24 лица Read More »

Прв пост-карантински викенд во Грција: Сите на плажа и на кафе


Грција – По нешто помалку од два месеци, Грците го поминуваат првиот викенд без ограничувања и можност за слободно движење, а се чини дека го користат максимално со оглед на тоа дека во текот на вчерашниот ден особено зголемена беше раздвиженоста, не само во Атина, туку и во другите грчки градови, а паралелно, се финализираат и …

Прв пост-карантински викенд во Грција: Сите на плажа и на кафе Read More »

УЈП ги достави годишните даночни пријави, граѓаните да ги проверат до 31 мај


Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година. Оттаму ги повикуват регистрираните корисници на системот „е-Персонален данок“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2019 година преку своите кориснички профили. Граѓаните, како што наведуваат од УЈП, може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава …

УЈП ги достави годишните даночни пријави, граѓаните да ги проверат до 31 мај Read More »

Гвен Стефани и Блејк Шелтон ќе живеат во луксуз во Калифорнија


САД- Поп-ѕвездата Гвен Стефани и кантри-ѕвездата Блејк Шелтон го купива првиот заеднички дом, замок во Енсино, Калифорнија,според „Variety“. Имотот од 13 илјади квадратни мерки ќе ги чини 13,2 милиони американски долари. Двокатната палата открива низа убавини, вклучително и гаража за четири автомобили, а голема кујна со врвни апарати, театар, кујна на отворено сместена во непосредна …

Гвен Стефани и Блејк Шелтон ќе живеат во луксуз во Калифорнија Read More »