Без вакцина нема да имаме нормален живот, тврди експерт за вируси


Англија- Топ научник кој е позитивен на Ковид-19 тврди дека светот нема да биде пак нормален без вакцина за коронавирус.

Проф. Петер Пио, директорот на London School of Hygiene & Tropical Medicine,  беше една недела во болница откако се заразил од вирусот во март.

Белгискиот вирологист, која ја предводеше Програмата на ООН за ХИВ/СИДА од 1995 до 2008 година, вели дека додека се искачува по скали се уште го губи здивот.

Минатата недела, СЗО предупреди дека можеби нема да се пронајде вакцина против Ковид-19.

Проф. Пио, еден од научниците кој го откри вирусот Ебола, е исто така, советник за короната на претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лајен.

Комисијата дава силна поддршка за пронаоѓање на вакцината против короната , вели експертот.

-Да биде јасно, без вакцина, нема да можеме да продолжиме нормално да живееме пак, објаснува проф. Пио. Тоа значи милијарди дози но се уште не е сигурно дека можна е вакцина против короната.

Проф. Пио ги критикува луѓето кои се изјаснуваат против вакцинирањето.

-Денес е парадоксално дека луѓето кои го должат животот на вакцините, се против тоа децата да им се вакцинираат.Ќе биде проблем, во случај да не се изнајде вакцина, ако има премногу луѓе кои се против, никогаш пандемијата нема да ја ставиме под контрола, тврди вирусологот.

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“ , САД е земја со најмногу починати од короната-повеќе од 79, 500, следи Англија со 31, 900 и Италија со повеќе од 30, 500 лица.