И културата чека на Комисијата за заразни болести


Културата продолжува вонредно да функционира во време на корона. Сите фестивали, театарски претстави и концерти чекаат на одлуките на Комисијата за заразни болести и Владата, па дури потоа да ја конципираат програмата, со една дилема што со средствата кои ги добиле за одредени проекти, но не се во можност да ги реализираат во дадениот рок.

Во Министерството за култура се прават анализи и се чекаат препораките на Владата. Споделувајќи ги меѓународните искуства се бара начин во каква форма и во кои термини ќе бидат реализирани фестивалите во нашата земја.

Согласно законските прописи, средства се исплаќаат за реализирани проекти, а оние кои согласно потпишаните договори нема да се реализираат (напоменуваме дека станува збор за законска процедура која произлегува од нереализација на проект), средствата се враќаат во буџетот. Со оглед на настаната состојба се прават и анализи и за можните варијанти за реализација на проектите согласно мерките и препораките на Владата поврзани со состојбите предизвикани од коронавирусот, а се разгледува и можноста за продложување на рокот на реализација на проектите, се вели во дописот од Министерствотo за култура.

 

Согласно препораките на Светската здравствена организација и контактите со странските партнери за меѓународни фестивали и уметниците и публиката се во очекување нештата повторно да ве вратат во нормала.