Елизабета Втора лансира свој бренд на џин


Англија– Британската кралица Елизабета Втора отпочна свое сопствено производство и продажба на џин, пренесува „Дејли Мејл“.  Напивката, наречена „Sandringham Celebration Gin“, се произведува во дестилерија на имотот на кралицата во северен Норфолк. Ќе се продава во шишиња од 500 милилитри – едно за 50 фунти. Според порталот, џинот е еден од омилените алкохолни пијалаци на […]

Тирана светна во новогодишно руво


Албанија– Албанскиот главен град, Тирана, светна во новогодишно руво. Голема новогодишна елка е поставена во центарот на Тирана, на плоштадот „Скендер бег“,а светилките ги запалија помала група деца поради забраната за групирање на повеќе од десет лица. Во пораката упатена до граѓаните, градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај рече дека Тирана, иако помина низ тешкотии оваа […]

Телеграф: Оксфордската вакцина ќе биде за целиот свет


Англија – Вакцината против коронавирусот, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „Астра Зенека“, ќе биде за целиот свет, бидејќи ќе чини само помеѓу три и четири долари, објави британски „Телеграф“. „Оксфордската вакцина е вакцина за целиот свет. Додека ’Фајзер’ и ’Модерна’објавија дека успешно ја завршиле фазата на три тестирања, британскиот тим првично потенцираше дека […]

Мајкрософт гради глобален инженерски центар во Ирска


Ирска – Американскиот софтверски гигант Мајкрософт објави дека планира да ангажира дополнителни 200 инженери во Ирска и да формира нов глобален инженерски центар во таа земја. Во овој миг, Мајкрософт има околу 2.500 вработени во Ирска. „Новите вработени ќе бидат вклучени во развој на нови „клауд“ (облак) слуги и технолошки решенија за клиенти низ целиот свет“, […]

Маск стана втор најбогат човек во светот


САД – Американскиот претприемач Илон Маск го престигна основачот на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс и, сега тој е втор најбогат човек на планетава. Неговото вкупно богатство изнесува 127,9 милијарди долари, покажува листата на милијардери на Блумберг, објавен вчера. Благодарение на акциите на производителот на електромобили Тесла, што се накачија за 6,5 отсто, богатството на Маск за […]

Северина на премиера: Вака изгледа дама


Хрватска-И покрај строгите епидемиолошки мерки, премиерата на филмот „Кумек“ на режисерот Дариј Јуричан во Загреб, привлече познати гости. Најубава беше регионалната поп-ѕвезда Северина.   Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Кинеските Г6 мрежи – реалност или пропаганден трик


Кина деновиве соопшти дека успешно го лансирала во вселената првиот 6Г сателит во светот, за да ја тестира новата технологија. Неодамнешната најава на Кина дека успешно го лансирала првиот 6Г сателит во светот за да ја тестира технологијата, изненади многумина. Со оглед на тоа дека 5Г технологијата и мобилните мрежи од петата генерација дури минатата […]

Пандемијата може да ја зголеми нееднаквоста во Европа


Белгија– Европа се уште е регион со највисока еднаквост во светот, но кризата со коронавирусот може да ги зголеми разликите во приходите, предупредуваат француските економисти и повикуваат на запирање на намаленото оданочување на компаниите. Заклучоците на Париската лабораторија за светска нееднаквост (WIL) се издадени во време кога Европската унија расправа за прифаќање на планот за обнова, […]

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети


Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со уште два предмета – информатика и географија, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини, а новина има […]

Меланија Трамп во пепито безвременски капут „Баленсијага“. Го облече за божикната елка


САД– Првата дама Меланија Трамп помогна на Белата куќа да ги започне своите прослави на Божиќ оваа година, бидејќи го поздрави пристигнувањето на официјалната елка во белата палата; пречекувањето на официјалното новогодишно дрво е традиција во Белата куќа од 1966 година. За празничната пригода, Меланија се одлучи за пепито долг капут со модерна силуета а […]

Роби Вилијамс објави божикна песна со тема за Ковид-19 (видео)


САД– Новата песна на 46-годишниот пејач и текстописец Роби Вилијамс, Can’t Stop Christmas („Не можам да го запрам Божик“), се однесува на пандемијата во 2020 година, но вели дека ништо нема да ги спречи празничните прослави оваа година. Текстот на песната има стихови: …каква мизерна година… какво време да се биде жив. За жал, некои пријатели […]

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината по битни податоци за науката


Кина– Кина синоќа лансираше ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана првата земја што тоа го прави од 1970 година, јавија британските медиуми. Ракетата наречена „Long mart -5“ беше лансирана синоќа по локално време, (рано утринава во средноевропско) од островот Хаинан. Мисијата „Чканг Е-5“, именувана по античката […]

Претстава за Универзалната сала го отвора 45. МОТ, 12 театри на фестивалската програма


Со премиера на претставата „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ – копродукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат, вечер од 19 часот ќе почне 45. Млад отворен театар, кој поради пандемијата годинава ќе биде хибридно издание – онлајн-претстави и изведби во живо на сцената на Младинскиот културен центар и […]

Се продлабочуваат несогласувањата меѓу пратениците од власта и опозицијата за онлајн гласање


Ќе успее ли владејачкото мнозинство во намерата да изгласа работа на далечина за пратениците болни од Ковид-19 или во самоизолација, или ставањето на дневен ред на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието ќе биде само уште еден обид да се натера опозицијата да размисли за оваа опција и да поддржи ваква алтернатива? Предлогот […]

Активни 20 687 случаи на заболени од Ковид-19, наскоро во земјава ќе пристигне лекот „Фавипиравир“


Во земјава до вчера како активни се регистрирани 20 687 случаи на заразени во Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега беа заболени 55 127 лица, се излекуваа 32 894, а починаа 1546 лица. Како што најави директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани, се очекува наскоро во земјава да пристигне лекот […]

Предлог-буџетот за 2021 година на расправа во Собранието


Собраниската расправа по Предлог-буџетот за наредната година почнува од денеска во матичната Комисијата за финансирање и буџет. Согласно Деловникот на Собранието, во Комисијата може да трае до 10 работни дена, потоа со дополнување, доколку има прифатени амандмани, ќе се расправа на пленарна седница. На владиниот Предлог-буџет се поднесени 528 амандмани, од кои најголемиот дел од […]

Изложба „Скопје виа Солун“ во Музеј на град Скопје


Во Галеријата Белогаски во Музеј на град Скопје денеска, во 12:00 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје виа Солун“, на која ќе бидат претставени приказните за двата града, нивната поврзаност со патен, воден и железнички сообраќај, трговијата, културните преплетувања и личните, фамилијарните и професионалните врски меѓу градовите. Изложбата и монографијата се тригодишен проект финансиран од […]

Почнува четвртото издание на Macedonian Manufacturing Expo 2020


Од денеска почнува четвртото издание на „Macedonian Manufacturing Expo 2020 – The Virtual Edition“, бизнис настан посветен на лесната преработувачка индустрија. Целта е на едно местo да се поврзат македонските компании кои се занимаваат со преработка на метал, гума, пластика и електро-електронската индустрија со купувачи од Европската унија и со странските директни инвеститори во земјава. […]

Краткотраен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај Врбјани


Сообраќајот на патот Кичево – Охрид, на делницата Пресека-Врбјани денеска меѓу 12 и 15 часот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути. Прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е поради изведување градежни активности на овој патен правец. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно суви коловози […]

Сончево и ветровито, утринските температури ниски


Продолжува периодот на стабилно и сончево време со ниски утрински температури. За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со умерена до значителна облачност. Ќе дува и умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Tемпературата ќе се движи од 8 до 15 степени. Во Скопје слично време со температура до 10 степени. Во следните денови времето […]