Како да напредувате на лично и професионално поле: Книгата „Thrivity активатор“ го има одговорот


Независно во која област сте вклучени, дали учите, дали барате работа или сакате да ја промените, дали сте менаџер кој развива луѓе или едноставно сакате свој личен развој, „THRIVITY АКТИВАТОР“, најновото издание на Паблишер, е книга-прирачник која ќе ви помогне брзо да напредувате на лично и професионално поле.

Станува збор за интерактивен водич кој ја промовира културата на континуирано учење кај поединците, организациите и во општеството.

Aвторскиот тим составен од Фросина Денкова-Зафировска, Дејан Ваневски и Поликарп Арсеновски, експерти со долгогодишно искуство во полето на развој на потенцијалите кај луѓето, за првпат во земјава создадоа водич за развој на 70 бихевиорални компетенции кој на едноставен, но софистициран и прагматичен начин ќе ги крене личниот и професионалниот развој на едно ново, повисоко ниво.

Всушност, „THRIVITY АКТИВАТОР“ е книга која поттикнува и создава свесност за сопствениот личен развој, мотивира прогресивен лидерски стил во кој бихевиоралните компетенции се препознаени како клучен фактор за успех.

„Со ’THRIVITY АКТИВАТОР‘ сакаме бихевиоралните компетенции да ги направиме достапни за сите луѓе кои веруваат во сопствениот развој или сакаат да помогнат во развојот на некој друг. Тие претставуваат збир од знаења, способности, карактеристики и начин на однесување на една личност. Нивото на развој на секоја од потребните компетенции влијаe врз ефективноста, ефикасноста и продуктивноста во извршувањето на работните обврски и задачи од страна на поединецот во една организација. Затоа е неопходен нивен развој, а ’THRIVITY АКТИВАТОР‘ го нуди токму тоа“ – истакнуваат авторите.

Книгата е достапна во книжарниците на ТРИ и онлан на www.kniga.mk.