Ниски температури на повисоките места, дневната температура од 7 до 14 степени


Фото: Б. Грданоски

Најстудено утрово беше во Берово каде беа измерени – 5 степени, потоа во Крива Паланка – 4, во Лазарополе – 3, во Маврово – 2, во Дебар, Битола, Тетово и Струмица се измерени 0 степени, во Претор, Прилеп, Куманово 1 степен, во Скопје-Зајчев Рид и Крушево 2, во Штип и Скопје Петровец 3, во Демир Капија и Охрид 4 и во Дојран 7 степени.

Утрово по котлините и долж Повардарие преовладува облачно и магливо време, освен на крајниот исток каде што е ведро.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините со магла или значителна ниска облачност која попладне ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје утрово има појава на магла, а преку ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 9 степени.