Принцот Луис ѕвезда на божикната честитка на Кејт и Вилијам


Англија- Како и секоја година, светот и овој пат со нетрпение очекуваше британското кралско семејство, поточно Кејт Мидлтон и принцот Вилијам да ја објават фотографијата за божиќната честитка од нивното среќно семејство.

Фотографијата и овој пат ги освои сите, а иако во поголем број од случаите главна ѕвезда во ова семејство е принцезата Шарлот (5), овој пат тоа место ѝ го „одзема“ помладиот брат, принцот Луис (2), а на фотофграфијата е и најстариот син Џорџ (7).

Официјалната божиќна честитка ја сликаше фотографот Мат Портеоус на нивниот селски имот во Норфолк – „Anmer Hall“.