Иванка Трамп со семејството: Последна празнична фотографија од Вашингтон

САД- Најстарата ќерка и советничка на Доналд Трамп Иванка Трамп со зетот Џаред Кушнер ја прославија празничната сезона со нова празнична фотографија заедно со нивните три деца, Арабела, 9, Џозеф, 7 и Теодор, 4.

Семејството славеше во чест на последната вечер на Ханука, позирајќи заедно во нивната свечена облека. Додека Џеред  со стилот им одговараше на своите синови во тегет скроени одела и вратоврски со мокасини, Арабела носеше зелен кадифен фустан на Мери Џејн. Самата Иванка се одлучи за црн комплет со сако со асиметрично затворање на копчињата и миди здолниште. Од чевли се одлучи за нетипични салонки од Џанвито Роси. Инаку омилени чевли и се и од брендовите Џими Чу, Барбери и Алтузара.

Кога станува збор за модата и облеката, Иванка Трамп која пред Вашингтон имаше модна империја, обично ги фаворизира големите етикети како Шанел, Долче и Габана и Оскар де ла Рента.