Кој е Седат Сулејмани, новиот заменик–министер за култура?


Седат Сулејмани, релативно непознат во културните кругови, е новиот заменик на министерката за култура Ирена Стефоска. Претежно работел во приватниот бизнис. Во биографијата, во социокултурни активности навел дека е основач на невладини организации за култура и уметност и менаџер на проект „Братството не бира граници“ и „Традиционални уметнички ракотворби“ во соработка со две општини од …

Кој е Седат Сулејмани, новиот заменик–министер за култура? Read More »

Меси до Роналдо: Опорави се што е можно побрзо


Шпанија– Лионел Меси, најдобриот фудбалер на Барселона, се огласи во пресрет на големото дерби на шпанскиот фудбал помеѓу Барселона и Реал. На ред е 245-тото дерби меѓу двата тима е во ред, а ќе се одигра во сабота, на 24 октомври во 16 часот, на стадионот „Камп Ноу“. Три дена подоцна, во Лигата на шампионите, …

Меси до Роналдо: Опорави се што е можно побрзо Read More »

Три славни жени живеат со рак на дојка во последен стадиум: Не се предаваме


САД- Ракот на дојка не избира богати или сиромашни, анонимни или славни. Три славни жени  живеат со метастазиран карцином на дојка (не постои лек за рак на дојка во фаза IV), додека исто така се во центарот на вниманието. Го споделија своето искуство во јавноста. Оливија Њутн-Џон По нејзината прва дијагноза за рак на дојка …

Три славни жени живеат со рак на дојка во последен стадиум: Не се предаваме Read More »

Уредничката на „Вог“ Ана Винтур се разведе од вториот маж по 16 години брак


САД– Уредничката на американскиот „Вог“ и една од најмоќните жени во модата Ана Винтур (70) се разведе по 16 години брак и 20 години врска од инвеститорот Шелби Брајан (74) , по долга криза во бракот. Сè уште не е позната точната причина за распадот на нивниот брак, но според гласините во американските медиуми, Шелби …

Уредничката на „Вог“ Ана Винтур се разведе од вториот маж по 16 години брак Read More »

Рим воведува полициски час поради пандемијата


Италија – Регионот Лацио, на кој му припаѓа и Рим, од утре ќе се воведе полициски час, според кој се забранува движење од полноќ до 5 часот наутро. Со оваа уредба, која ќе важи еден месец, гувернерот Никола Ѕингарети се обидува да го спречи собирањето луѓе пред рестораните во главниот град на Италија. Движењето може да се …

Рим воведува полициски час поради пандемијата Read More »

Бранѓолица: Потребно ни е наследството на операта, преплавени сме од звуци на комерцијалност


Денес сме поплавени со забавна музика – брз лек за засенување на секојдневните грижи. Наспроти козметичкиот карактер на овие звуци, натежнати од теретот на комерцијалност, стои наследството на операта, вели композиторот Љубомир Бранѓолица, автор на македонската порака за годинашното одбележување на Меѓународниот ден на операта – 25 Октомври. – Да не заборавиме дека е значајна; …

Бранѓолица: Потребно ни е наследството на операта, преплавени сме од звуци на комерцијалност Read More »

Следните два дена стабилно време со ниски утрински температури, викендот облачно со дожд


Во следните два дена ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста, утринските температури ќе бидат …

Следните два дена стабилно време со ниски утрински температури, викендот облачно со дожд Read More »

Меѓународна балканска конференција за музичко – балетското образование


Меѓународна балканска конференција на тема „Состојби и перспективи во музичко – балетското образование“ ќе се одржи од денеска до 25 октомври во Скопје во организација на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. На конференцијата ќе се разгледуваат специфичните практики и прашања од областа на професионалната музичко – балетска едукација. Ќе учествуваат музичко – балетското педагози од Словенија, …

Меѓународна балканска конференција за музичко – балетското образование Read More »

Скопје и натаму најголемо жариште, Аеродром на врвот по активни случаи


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на коронавирус, додека пак само на територија на Скопје има 325. Активни случаи по општини во Скопје: Аеродром – 592 Карпош – 479 Центар – 476 Гази Баба – 353 Кисела Вода – 332 Ѓорче Петров …

Скопје и натаму најголемо жариште, Аеродром на врвот по активни случаи Read More »

Коронавирусот галопира на Балканот, државите уриваат рекорди


Најсериозна е ситуацијата во Словенија, Хрватска и во БиХ, каде заразата се шири со галопирачки размери. Земјите од регионот воведуваат полициски час и рестрикции. Дали тоа ќе биде доволно во борбата против Ковид-19? На Европа и се заканува ново затворање и ригорозни мерки за заштита, откако бројот на заразени со Ковид-19 почна да расте со …

Коронавирусот галопира на Балканот, државите уриваат рекорди Read More »

Уште еден црн биланс: Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица


Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, …

Уште еден црн биланс: Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица Read More »

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, повредени две лица, сообраќајот се пренасочува 


Две лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар по излетување на возило од коловозната лента. Соообраќајката се случила околу 15 часот и 20 минути на автопатот во близина на клучката за Жеровјане, поради што во прекин е сообраќајот и и возилата се пренасочуваат по околните патиша. – Патничко моторно возило „фокус“ со гостиварски …

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, повредени две лица, сообраќајот се пренасочува  Read More »

Стефоска назначена за претседателка на комисијата за УНЕСКО


Министерката за култура Ирена Стефоска е назначена за претседателка на националната комисија за УНЕСКО. – Владата донесе решение за измена и дополнување на решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура Ирена Стефоска – информира владата. Таа …

Стефоска назначена за претседателка на комисијата за УНЕСКО Read More »

„Економист“: Бајден има 93 отсто шанси за победа на изборите за претседател во САД


Англија –  Економист му дава 93 проценти шанса на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден да победи на претседателските избори на 3 ноември. Магазинот ја ажурираше својата прогноза дека Бајден има 93 отсто шанси да освои најмалку 270 гласови во Изборниот колеџ. Прогнозираат дека ќе добие 421 глас во Изборниот колеџ, што би значело победа во битката …

„Економист“: Бајден има 93 отсто шанси за победа на изборите за претседател во САД Read More »

Сара Мејс на својот роденден на светот му ја подари „Donka of Macedonia“ (видео)


Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс го претстави нежниот македонски мелос преку својата харфа на светскиот онлајн концерт по повод Светскиот Ден на харфата. Таа на настанот настапи со убавата мелодија насловена како „Donka of Macedonia“ која што беше избрана како дел од World Harp Day Specials. Концертот се одржа на денот на нејзиниот роденден, па …

Сара Мејс на својот роденден на светот му ја подари „Donka of Macedonia“ (видео) Read More »

Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист


Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист и заменик директор во Театарскиот институт во Прага, соработник во тимот на Прашкото квадриенале за сцeнски уметности во Чешка ќе се одржи вечер во 19 часот во организација на Македонскиот центар на ИТИ / ПРОДУКЦИЈА, под покровителство на Амбасадата на Чешка, Министерството за култура и АТИ …

Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист Read More »

Денови на текстилната индустрија во Штип – промоција на младата генерација


Креативната работа на пет средни текстилни училишта и  Универзитетот “Гоце Делчев” Технолошко-технички факултет од нашата земја ќе биде презентирана преку модна ревија која ќе се случи на 24 октомври 2020 (сабота) во Домот за млади во Штип, во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и …

Денови на текстилната индустрија во Штип – промоција на младата генерација Read More »

Дачиќ ќе биде идниот претседател на српското собрание


Србија-Идната српска влада ќе биде коалициона влада со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и со ограничен рок од две години, се до вонредните парламентарни избори, кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2020 година, изјави вечерва српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СПС) Александар …

Дачиќ ќе биде идниот претседател на српското собрание Read More »

ММФ: И покрај корона-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката


Непрекинатото навремено објавување на квалитетни статистички податоци и во специфичните околности наметнати од пандемијата на Ковид-19 е клучно за економијата, особено заради носењето соодветни одлуки на економските субјекти и соодветно димензионирање на политиките и мерките. И покрај корона-кризата, Народната банка продолжи да остварува значаен напредок во сферата на статистиката, со клучни залагања за спроведување на …

ММФ: И покрај корона-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката Read More »

Од четврток во Бугарија задолжително носење маски и на отворено


Бугарија – Од четврток во Бугарија ќе биде задолжително носење маски и на отворен простор, со цел подобро справување со епидемијата на коронавирус. – Очекуваме намалување на инциденцата доколку строго се следат мерките. Во други земји ова веќе се спроведува. Ќе им дадеме можност на бугарските граѓани да набават маски и веруваме дека од четврток маските …

Од четврток во Бугарија задолжително носење маски и на отворено Read More »