Сара Мејс на својот роденден на светот му ја подари „Donka of Macedonia“ (видео)


Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс го претстави нежниот македонски мелос преку својата харфа на светскиот онлајн концерт по повод Светскиот Ден на харфата. Таа на настанот настапи со убавата мелодија насловена како „Donka of Macedonia“ која што беше избрана како дел од World Harp Day Specials.

Концертот се одржа на денот на нејзиниот роденден, па така Сара имаше единствена можност на светот да му го подари својата несекојдневна музичка креација создадена за уживање и гордо претставување на Македонија на Светскиот Ден на харфата.