Кој е Седат Сулејмани, новиот заменик–министер за култура?


Седат Сулејмани, релативно непознат во културните кругови, е новиот заменик на министерката за култура Ирена Стефоска.

Претежно работел во приватниот бизнис. Во биографијата, во социокултурни активности навел дека е основач на невладини организации за култура и уметност и менаџер на проект „Братството не бира граници“ и „Традиционални уметнички ракотворби“ во соработка со две општини од Турција.

Од 1997 до 2002 година завршил Педагошка теологија на Универзитет Улуда во Бурса, Турција. Од 2018 година до денес студира јавна администрација на Факултет за општествени науки при ЈИЕ, Тетово. Од 2019 година до денес е менаџер во ISEM во Бурса, Турција. од 2012 до 2017 година бил сопственик на Lost Treasure, Тетово. Од 2010 до 2012 година бил сопственик на Sharr production,Тетово. Од 2006 до 2010 година бил директор на Ardi-ing, Тетово. Од 2003 до 2006 година бил администратор во Sharr-ing, Тетово. Освен албански, како други јазици во неговата биографија се наведени македонскиот и турскиот јазик.