Уредничката на „Вог“ Ана Винтур се разведе од вториот маж по 16 години брак


САД– Уредничката на американскиот „Вог“ и една од најмоќните жени во модата Ана Винтур (70) се разведе по 16 години брак и 20 години врска од инвеститорот Шелби Брајан (74) , по долга криза во бракот.

Сè уште не е позната точната причина за распадот на нивниот брак, но според гласините во американските медиуми, Шелби неодамна повторно се зближил со неговата поранешна сопруга Кетрин, чиј втор сопруг, банкарот за инвестиции Дејмон Мезакапа, почина во 2015 година. Тој ја напушти Кетрин поради Ана Винтур, со која започна врска во 1999 година.

Винтур немаше деца со Брајан, ама од претходниот брак со Дејвид Шефер има син и ќерка.

Покрај функциите креативен директор во издавачката компанија „Конде Наст“ (издавачот на „Vogue“, „Vanity Fair“, „GQ“ и „Glamour“) и главна уредничка на „Вог“ Винтур е и глобален советник за содржина во компанијата, што значи и во интернационалните изаданија на „Вог“.