Одбележување на 20-годишнината од устоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на МПЦ-ОА


По повод 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на Македонската православна црква и 33-годишнината од хиротонијата за епископ, Скопската православна епархија викендов организира низа манифестации. В сабота, во црквата „Раѓање на свети Јован Крстител“ – Бутел ќе се одржи вечерна богослужба и осветување на новата крстилница на црквата, а во МАНУ ќе бидат …

Одбележување на 20-годишнината од устоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на МПЦ-ОА Read More »

Израелската иновација за лица со оштетен вид и кај нас, прв корисник девојче од Битола


Читање печатени и дигитални текстови, весници, книги, ресторански менија, знаци, етикети/декларации на производи, екрани на мобилни и компјутери… Ова на слепите и на лицата со оштетен вид ќе им го овозможи израелската иновација „ор кам мај ај“ (OrCam MyEye), која во текот на месецов се очекува да пристигне и кај нас. Прв корисник ќе биде …

Израелската иновација за лица со оштетен вид и кај нас, прв корисник девојче од Битола Read More »

Вечерва „Бела ноќ“ на 15 локации во Скопје


Концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д-видеомапинг и уште многу други културни содржини се дел од 15. јубилејна „Бела ноќ“ во Скопје што ќе се одржи денеска. На 15 локации, истовремено, уметници, музичари и сите што се дел од „Бела ноќ“ на присутните ќе им понудат различна културно-уметничка содржина. Веќе 15 години фестивалот ја доближува уметноста …

Вечерва „Бела ноќ“ на 15 локации во Скопје Read More »

Чувајте се од Русија и Кина, ни порача Помпео


Продолжување на стратешкото партнерство на САД со Северна Македонија, поддршка за интеграција во НАТО и ЕУ, за зацврстување на правната држава, владеењето на правото, борбата со корупцијата, но и предупредување за обидите за руско и кинеско влијание во регионот. Ова се пораките што ги упати американскиот државен секретар Мајк Помпео по вечрашните разговори во Охрид …

Чувајте се од Русија и Кина, ни порача Помпео Read More »

Бања Лука: Поранешен министер за образование обвинет за педофилија


Поранешниот министер за образование на Република Српска, Ненад Сузиќ (69), е обвинет за обљуба на дете под 15-годишна возраст, потврдија за „Гласот на Српска“ од Окружното обвинителство на Бања Лука. Оттаму посочуваат дека обвинението е проследено на потврдување до Окружниот суд во Бања Лука. „Со обвинението е предложено на обвинетиот да му биде продолжен притворот. …

Бања Лука: Поранешен министер за образование обвинет за педофилија Read More »

Воспоставена железничка линија помеѓу Србија и Кина долга 10.500 километри


Српската министерка министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура и потпретседател на владата, Зорана Михајловиќ, изјави дека е воспоставена прва железничка линија меѓу Србија и Кина, односно дека првиот товарен воз е веќе тргнат кон Србија. – Првиот товарен воз тргна во вторникот од кинескиот град Џинан од провинцијата Шангдонг за Србија. Во оваа композиција има …

Воспоставена железничка линија помеѓу Србија и Кина долга 10.500 километри Read More »

(ФОТО) Рекорд во Дојранското Езеро: Риболовци уловија сом од 50 килограми


Спортските риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов од Струмица вчера околу 17 часот уловија сом тежок точно 50 килограми. – Сомот го уловивме со техника „бучка“, со мамец жива риба. Се подготвуваме да излегуваме и во тој момент рибата силно повлече. Капиталецот го влечеше Александар околу дваесетина минути, а јас го прифатив во чамецот, односно …

(ФОТО) Рекорд во Дојранското Езеро: Риболовци уловија сом од 50 килограми Read More »

(ФОТО) Ејупи удрен со шипка во глава, па го претепал напаѓачот во самоодбрана!


Македонскиот интернационалец Музафер Ејупи, кој го носи дресот на хрватски Славен Белупо, вчера беше уапсен во Копривница под сомнеж дека тој и неговиот роднина претепале 53-годишен маж. Хрватските медиуми објавија дека Ејупи се скарал со 53-годишниот маж, по што роднината на Ејупи го претепал со шипка, но најновите детали даваат пресврт во ситуацијата. „По истражувањето …

(ФОТО) Ејупи удрен со шипка во глава, па го претепал напаѓачот во самоодбрана! Read More »

Исламистите ги обвинуваат жените за земјотресот во Истанбул


Исламистичките корисници на социјалните медиуми во Турција предизвикаа бес во четвртокот кога ги обвинија жените за земјотресот со јачина од 5,8 степени поради тоа што „се однесувале промискуитетно“. Жените, наводно, биле малтретирани на улиците по земјотресот кога граѓаните беа евакуирани од зградите. Исламистите ги направија жените жртвени јагниња за потресот велејќи дека го испровоцирале земјотресот …

Исламистите ги обвинуваат жените за земјотресот во Истанбул Read More »

Во болницата „8 Септември“ синоќа повторно нападнати медицински лица


По неодамнешните случаи на напади на вработени во повеќе болници во Скопје и Тетово, синоќа повторно се случи напад на медицински лица во Градската болница „8 Септември“. Роднини на починат пациент го нападнеле персоналот во болницата „8 Септември“. Тие синоќа ги нападнале медицинските лица, а интервенирала и полицијата. Дел од вработените во одделот за интензивна …

Во болницата „8 Септември“ синоќа повторно нападнати медицински лица Read More »

Лавров: НАТО не добива ништо со влегувањето на Македонија


Во интервју за весникот „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека НАТО не добива ништо со пристапувањето на Црна Гора и Македонија во Алијансата. „НАТО не доби ништо за својата безбедност со влезот на Црна Гора и Северна Македонија, која се подготвува да влезе во Алијансата. Вовлекувањето на Србија во НАТО нема …

Лавров: НАТО не добива ништо со влегувањето на Македонија Read More »

(ФОТО) На српски пејач му влета пчела во грлото за време на настап


Српскиот фолк-пејач Ибро Селмановиќ доживеа несреќа кога на снимање на емисијата „Шареница“, која се емитува РТС, беше каснат од пчела додека настапуваше. Пејачот ги изведуваше своите песни, а во еден момент се фати за грлото. Како што се гледа на видеото, изгледа дека пејачот на народни песни му влета пчела во грлото додека изведуваше една …

(ФОТО) На српски пејач му влета пчела во грлото за време на настап Read More »

На грчкиот министер за одбрана не му се допаѓа Преспанскиот договор, ама сака да го штити македонското небо


Грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос во интервју за весникот „Катимерини“ вели дека договорот за соработка во одбраната и не е толку лош колку што има негативни страни Преспанскиот договор. Во однос на интересот на Бугарија да се вклучи во надгледување на македонското небо, тој вели дека земјата ги нема потребните ресурси за надгледување на …

На грчкиот министер за одбрана не му се допаѓа Преспанскиот договор, ама сака да го штити македонското небо Read More »

Ѓоковиќ доби понуда да глуми во филм за Никола Тесла


Новиот проект на српскиот актер и продуцент Милош Биковиќ е за животот на пронаоѓачот Никола Тесла, а една улога е наменета за тенисерот Новак Ѓоковиќ. Идејата да застанат во ист кадар се роди, како што рече Биковиќ, по премиерата на филмот „Надвор од границите на реалноста“ каде што присуствуваше и Новак. „За да постигнете резултати …

Ѓоковиќ доби понуда да глуми во филм за Никола Тесла Read More »

Утре повторно средба на работните групи за законот за јавно обвинителство


Работните групи на власта и опозицијата утре во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавно обвинителство, потврдија за МИА од Министерството за правда. Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на СДСМ не му одговара да се донесе законот за јавно обвинителство и го кочи целиот процес, затоа што СДСМ, како што изјави …

Утре повторно средба на работните групи за законот за јавно обвинителство Read More »

Нов биланс од земјотресот во Албанија, само во Тирана и Драч оштетени околу 500 објекти


На средбата во Министерството за одбрана со првите луѓе на најпогодените градови, Тирана и Драч, изнесени се последните податоци за последиците од земјотресот што ја погоди Албанија. Министерката Олта Џачка, посочи дека главно регистрирана е само материјална штета. – За среќа немаше жртви. Застрашувачки и небезбеден момент. Ќе дадеме се од себе за да ги …

Нов биланс од земјотресот во Албанија, само во Тирана и Драч оштетени околу 500 објекти Read More »

Анкета: Опаѓа поддршката на Китаровиќ за претседател на Хрватска


Ако сега се одржат претседателски избори во Хрватска, актуелната претседателка и кандидатка на ХДЗ, Колинда Грабар-Китаровиќ, би освоила 28,5 отсто од гласовите, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ 24,8, а на трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 18,2 проценти од гласовите, покажа анкета на „Х-рејтинг“. Порталот „Индекс“ наведува дека од 21 мај, кога последен …

Анкета: Опаѓа поддршката на Китаровиќ за претседател на Хрватска Read More »

Балканот се тресе: По силниот земјотрес во Албанија, повеќе од 60 помали потреси во Црна Гора


Институтот за сеизмологија на Црна Гора забележа над 60 земјотреси со помал интензитет. По двата големи земјотреси кои ја погодија Албанија вчера по 16 часот, а се почувствуваа многу силно и во Црна Гора, Институтот за сеизмологија на Црна Гора регистрираше повеќе од 60 земјотреси со помал интензитет, изјави сеизмологот Марин Чавелиќ. Тој за РТЦГ …

Балканот се тресе: По силниот земјотрес во Албанија, повеќе од 60 помали потреси во Црна Гора Read More »

Лаура Ковеси избрана за главен обвинител на ЕУ


Таа беше единствената кандидатка за функцијата. Претходно, Kовеси го водеше романскиот Директорат за борба против корупција. Нејзиниот избор беше опишан како „фантастичен“ од лидерот на европските зелени, Ска Келер. „Ова е јасен знак за борба против корупцијата во Европа. Честитки!“, напиша таа на својот профил на Твитер.

Хрватската влада ги намали годините за пензија


Хрватската влада ќе ја намали старосната граница за пензионирање на земјата на 65 од 67 по протестната кампања предводена од водечките синдикати, изјави вчера премиерот Андреј Пленковиќ. Трите најголеми синдикати собраа петиција со 700.000 потписи на граѓани минатата пролет за да изнудат референдум за владата да ја врати возраста за пензионирање. Сепак, наместо да повика …

Хрватската влада ги намали годините за пензија Read More »