Лавров: НАТО не добива ништо со влегувањето на Македонија


Во интервју за весникот „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека НАТО не добива ништо со пристапувањето на Црна Гора и Македонија во Алијансата.

„НАТО не доби ништо за својата безбедност со влезот на Црна Гора и Северна Македонија, која се подготвува да влезе во Алијансата. Вовлекувањето на Србија во НАТО нема смисла за безбедноста на Алијансата“, рече Лавров за „Комесант“.