Хрватската влада ги намали годините за пензија


Хрватската влада ќе ја намали старосната граница за пензионирање на земјата на 65 од 67 по протестната кампања предводена од водечките синдикати, изјави вчера премиерот Андреј Пленковиќ.

Трите најголеми синдикати собраа петиција со 700.000 потписи на граѓани минатата пролет за да изнудат референдум за владата да ја врати возраста за пензионирање. Сепак, наместо да повика на изјаснување, владата реши да се повлече.

„Со ова покажуваме дека слушаме што ни кажуваат нашите граѓани. Сепак, некои наши граѓани сакаат да продолжат да работат над 65-годишна возраст и ние тоа ќе го направиме со ревидиран пензиски закон“, рече Пленковиќ пред седницата на кабинетот.

„Така, постигнуваме рамнотежа помеѓу барањата на кампањата и желбите на оние што можат и сакаат да работат подолго“, нагласи премиерот.
Во декември парламентот го одобри предлогот на владата за зголемување на возраста за пензионирање на 67 години од 2033 година, и за мажи и за жени подеднакво, и за намалување на пензиите за лицата кои порано се пензионираат.

Хрватска, како и многу европски земји, има старо население. Нејзината јавна пензиска шема чини речиси 40 милијарди куни (шест милијарди долари) годишно, но тоа не може да биде покриено од придонесот на работниците и буџетот и со 17 милијарди долари даноци годишно треба да се покријат кусоците. (Ројтерс)