Бања Лука: Поранешен министер за образование обвинет за педофилија


Поранешниот министер за образование на Република Српска, Ненад Сузиќ (69), е обвинет за обљуба на дете под 15-годишна возраст, потврдија за „Гласот на Српска“ од Окружното обвинителство на Бања Лука.

Оттаму посочуваат дека обвинението е проследено на потврдување до Окружниот суд во Бања Лука.

„Со обвинението е предложено на обвинетиот да му биде продолжен притворот. Во овој момент не можеме да дадеме детали за обвинението“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Сузиќ беше уапсен на 5 јуни под сомнение дека обљубил 13-годишно девојче со кое останал сам во куќата и е во притвор од 7 јуни. Целиот случај беше пријавен од родителите на жртвата непосредно по инцидентот.

Вознемиреното девојче им кажало на родителите дека Сузиќ, кој им е сосед и добро го познавале, сексуално ја злоупотребувал.

Сузиќ во тоа време бил вработен како редовен професор на Филозофскиот факултет, на Универзитет во Бања Лука, и беше суспендиран на 7 јуни по притворот.