(ФОТО) На српски пејач му влета пчела во грлото за време на настап

Српскиот фолк-пејач Ибро Селмановиќ доживеа несреќа кога на снимање на емисијата „Шареница“, која се емитува РТС, беше каснат од пчела додека настапуваше.

Пејачот ги изведуваше своите песни, а во еден момент се фати за грлото.

Како што се гледа на видеото, изгледа дека пејачот на народни песни му влета пчела во грлото додека изведуваше една од песните, а на самото место набрзо дојде и брза помош.

Селмановиќ по неколку часа беше пуштен на домашно лекување, а српските медиуми пишуваат дека брзата реакција на лекарите помогнал пејачот на мине без поголеми последици.