Воспоставена железничка линија помеѓу Србија и Кина долга 10.500 километри


Српската министерка министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура и потпретседател на владата, Зорана Михајловиќ, изјави дека е воспоставена прва железничка линија меѓу Србија и Кина, односно дека првиот товарен воз е веќе тргнат кон Србија.

– Првиот товарен воз тргна во вторникот од кинескиот град Џинан од провинцијата Шангдонг за Србија. Во оваа композиција има опрема која кинеската компанија CRBC ја користи за изградбата на брзата пруга од Белград до Будимпешта. Со ова Србија доби железничка карго-линија со Кина – изјави Михајловиќ.

Оддалеченоста меѓу двата града е 10.500 километри, а возењето ќе трае 25 дена. Возот поминува низ Кина, Казахтан, Русија, Украина, Словачка, Унгарија и Србија.

– Отворањето на оваа железничка линија меѓу Србија и Кина создава можности за сите бизнисмени од Србија, но и за регионот, да можат својата стока да ја извезуваат на кинескиот пазар, како и да увезуваат стока од Кина, затоа што железничкиот транспорт е многу поисплатлив од воздушниот и поморскиот сообраќај – истакна Михајловиќ.