Се поправа тротоарот на „Народен фронт“


Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во населбата Капиштец по должина на целата улица.   Тој е 40 отсто оштетен, што го прави небезбеден за пешачење особено за повозрасните граѓани и мајките со колички и бебиња. Во следниот период оштетените и искршени коцки ќе бидат заменети со нови, а останатите …

Се поправа тротоарот на „Народен фронт“ Read More »

Незапаметена суша во последните 40 години: „Не трошете ни капка вода“ (видео)


Милиони жители на колумбиската престолнина Богота се соочуваат со ограничувања на водата поради сушата што не е забележана во последните 40 години. Градот е поделен на девет зони. Градскиот резервоар е на минимум. Колумбиските власти го поделија регионот околу главниот град на девет зони – секоја зона наизменично го исклучува снабдувањето со вода 24 часа. …

Незапаметена суша во последните 40 години: „Не трошете ни капка вода“ (видео) Read More »

Само една доза од нова класа антибиотици уништува бактерии отпорни на лекови


Научници од Универзитетот во Упсала во Шведска открија сосема нов начин за уништување на бактериите отпорни на антибиотици. Иако третманот досега е тестиран само на глувци, експертите сметаат дека тоа е важен чекор во борбата против опасните и отпорни патогени. Новиот лек, како и многу други антибиотици кои се развиваат во моментот, ја таргетира двојната …

Само една доза од нова класа антибиотици уништува бактерии отпорни на лекови Read More »

Примерок од првиот стрип „Супермен“ продаден за рекордни шест милиони долари


Примерок од стрипот од 1938 година, во којшто првпат се појавува Супермен, е купен за рекордни шест милиони долари, објави аукциската куќа „Херитиџ окшнс“ што го продаде на наддавање минатата недела. Стрипот му е продаден на неименуван купувач по највисоката цена досега. Аукциската куќа го опишува „Action Comics #1“ како „најважниот стрип што некогаш бил …

Примерок од првиот стрип „Супермен“ продаден за рекордни шест милиони долари Read More »

Нема консензус во Советот за безбедност за прием на Палестина за полноправна членка на ОН


Членките на Советот за безбедност на ОН синоќа не успеаја да се договорат за барањето на Палестина за полноправно членство во светската организација, изјави амбасадорот на Малта, земјата која во април претседава со Советот за безбедност, пренесе Бета. „Немаше консензус за прием на палестинска држава“, рече Ванеса Фрејзер по состанокот зад затворени врати. Сепак, недостатокот …

Нема консензус во Советот за безбедност за прием на Палестина за полноправна членка на ОН Read More »

„Becutan kids vits“ и за децата во Монголија – „Алкалоид“ освојува нови пазари


„Becutan Kids Vits“, добро познатиот бренд од производната палета на „Алкалоид“, е достапен и во Монголија. Присуството на тој пазар македонската фармацевтска компанија го зацврстува со проширување на портфолиото, што опфаќа дополнителни четири производи од сегментот додатоци на исхрана. „Остануваме посветени да го понудиме најдоброто за најмалите“, порачуваат од „Алкалоид“. Во Монголија производите на „Алкалоид“ …

„Becutan kids vits“ и за децата во Монголија – „Алкалоид“ освојува нови пазари Read More »

Новиот „алфа ромео милано“ нема да се произведува во Италија


Алфа Ромео вчера имаше свој голем ден, во Милано го претстави својот прв целосно електричен модел, кој го носи истото име – „милано“. Сепак, некои од присутните гости беа изненадени кога извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес изјави дека гордоста на Италија всушност нема да се произведува во Италија, туку во Полска. Како што пренесува …

Новиот „алфа ромео милано“ нема да се произведува во Италија Read More »

Со „југо“ им влетал во маса полна луѓе, па се истепале


Необичен настан се случил во Кочани кога во дворот на таткото на С.Т. влетало југо и се удрило во полна маса со луѓе. Веднаш по ударот семејствата на возачот и на тие удрените се истепале меѓусебно при што имало повредени. „На 10.04.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од …

Со „југо“ им влетал во маса полна луѓе, па се истепале Read More »

Почина О Џеј Симпсон – по филмскиот грабеж, помина 10 години в затвор


Поранешната НФЛ ѕвезда О Џеј Симпсон почина на 76-годишна возраст по битка со ракот. Во февруари му беше дијагностициран рак, а само два месеци подоцна ја загуби битката со злобната болест. Неговиот живот беше обележан со таканареченото „Судење на векот“ во 1995 година, кога беше обвинет за убиство на неговата жена Никол Браун Симпсон и …

Почина О Џеј Симпсон – по филмскиот грабеж, помина 10 години в затвор Read More »

Брижит Макрон тужи за клевета по тврдењата дека во 30-та година го сменила полот


Брижит Макрон ја тужи за клевета новинарката Наташа Реј, која тврдеше дека првата дама на Франција е родена како маж. Рочиштето е поместено од март 2025 година на 19 јуни 2024 година на барање на адвокатот на сопругата на Емануел Макрон, а по тврдењето на Реј дека Брижит е родена под името Жан-Мишел Троње. – …

Брижит Макрон тужи за клевета по тврдењата дека во 30-та година го сменила полот Read More »

Француската Влада го претстави предлогот за асистирана смрт


 Француската Влада го претстави нацрт-законот за асистирана смрт, кој ќе им овозможи на пациентите со терминална болест да одлучат да стават крај на својот живот. На почетокот на март, францускиот претседател Емануел Макрон објави дека се подготвува закон со „француски стил“, со строги услови кои мора да се исполнат. Тој рече и дека не сака …

Француската Влада го претстави предлогот за асистирана смрт Read More »

Богоев: Царинската управа креира реформски политики за подобрување на условите за водење бизнис


Царинската управа e една од клучните институции за подобрување на условите за водење бизнис и забрзан економски раст. Преку спроведување реформски политики за унапредување на трговијата и користење врвна ИТ технологија обезбедуваме огромни поедноставувања на увозните, извозните и транзитните постапки што за македонското стопанство значи заштеда на време и средства и конкурентска предност на меѓународниот …

Богоев: Царинската управа креира реформски политики за подобрување на условите за водење бизнис Read More »

Загина повозрасен велосипедист во Скопје


Во сообраќајна несреќа, вчера попладне, загина 68-годишен скопјанец. – На 10.04.2024 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.Т.(68) од Скопје. На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., …

Загина повозрасен велосипедист во Скопје Read More »

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје


Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18.30 часот на улица Македонија во центарот на Скопје по повод Светскиот ден на уметноста ќе се постават неколку актови со улични живи статуи, каде што истите ќе ја раскажат својата улична приказна, отсликана во само една смрзната слика. Музички настап ќе има Емил Ејупи квартет. Настанот е …

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје Read More »

По најавата за протест на приватните специјализанти, МЗ на Влада ќе ги разгледува нивните барања


Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти кои се важни во здравствениот систем.   Ве информираме дека по средбата со нив, е изготвен извештај и доставен на Влада, кадешто на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да …

По најавата за протест на приватните специјализанти, МЗ на Влада ќе ги разгледува нивните барања Read More »

Дефект на компресорите ги затворил хируршите сали на два дена – не колапс на Клинички


Министерството за здравство (МЗ) преку соопштение попладнево информира дека поради дефект на еден од компресорите, во тек на два дена бил одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти. Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар, потенцира Министерството. – Се работи за дефект на еден од компресорите, поради што …

Дефект на компресорите ги затворил хируршите сали на два дена – не колапс на Клинички Read More »

Османи од Градскиот парк претстави план за позелена и побезбедна Македонија


Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, вети дека доколку биде избран за прв човек на државата, ќе работи на трансформација на Северна Македонија во зелена држава која ќе се грижи за животната средина. На денешната прес-конференција во Градскиот парк во Скопје, Османи истакна дека ќе формира одбор за валидација, односно ветинг и нема …

Османи од Градскиот парк претстави план за позелена и побезбедна Македонија Read More »

Дури 14 општини сами си пропишале надлежност за автентично толкување – Уставен ќе расправа


 Уставниот суд поведе постапка за 14 предмети кои ги оформи по сопствена иницијатива, кои се однесуваат за работата на дел од општините. – Судот изрази сомнеж дека 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, …

Дури 14 општини сами си пропишале надлежност за автентично толкување – Уставен ќе расправа Read More »

Инфлацијата во Кина и натаму е ниска, во март изнесуваше 0,1 отсто на годишно ниво


Годишната стапка на инфлација во Кина се намали од февруарските 0,7 отсто на 0,1 отсто во март, објави денеска Националното биро за статистика на Кина. Пазарите очекуваа малку повисока мартовска инфлација во Кина од 0,4 отсто на годишно ниво. Цените на храната во Кина се намалија за 2,7 отсто на годишно ниво, додека цените на …

Инфлацијата во Кина и натаму е ниска, во март изнесуваше 0,1 отсто на годишно ниво Read More »

Долготрајната инфлација е поголема закана за Велика Британија отколку за САД, тврди претставничка на Банката на Англија


 Опасноста од долготрајна инфлација е поголема во Велика Британија отколку во САД, рече денеска официјалната претставничка на Банката на Англија, Меган Грин во напис за „Фајненшл тајмс“. Според неа, пазарите сега очекуваат Банката на Англија да ги намали каматните стапки порано од американската централна банка, ФЕД. Главната причина за овие очекувања, според Грин, е изненадувачки …

Долготрајната инфлација е поголема закана за Велика Британија отколку за САД, тврди претставничка на Банката на Англија Read More »