Почина О Џеј Симпсон – по филмскиот грабеж, помина 10 години в затвор


Поранешната НФЛ ѕвезда О Џеј Симпсон почина на 76-годишна возраст по битка со ракот.

Во февруари му беше дијагностициран рак, а само два месеци подоцна ја загуби битката со злобната болест.

Неговиот живот беше обележан со таканареченото „Судење на векот“ во 1995 година, кога беше обвинет за убиство на неговата жена Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, но потоа беше ослободен.

Во 2008 година беше обвинет и осуден за организирање грабеж во хотел и казино во Лас Вегас со петмина мажи и за тоа помина десет години во затвор.

Во текот на кариерата не освои ниту еден прстен од НФЛ, а беше најкорисен играч во 1973 година.