Просечната нето плата во март 40.496 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесувала 40.496 денари, и е за 16 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21,9 %), Јавна …