Просечната нето плата во март 40.496 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесувала 40.496 денари, и е за 16 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21,9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21,3 %) и Образование (20,5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,8 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,3 %) и Преработувачка индустрија (6,2 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во март 2024 година, изнесувала 60.803 денари.