Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран


Пентагон ќе му претстави широк спектар на воени опции на американскиот претседател Доналд Трамп кој размислува како да одговори на, како што велат функционери во неговата администрација, иранскиот напад без преседан врз саудиската рафинерија. Опциите ќе бидат претставени на денешниот состанок во Белата куќа, а меѓу нив е и список со потенцијални цели за воздушни …

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран Read More »

Формирани осминафиналните двојки на Европското првенство во одбојка


На Европското одбојкарско првенство синоќа завршија натпреварите во групната фаза по кои познати се учесниците за осминафиналната фаза. Македонската репрезентација која беше дел од Ц-групата што се играше во Словенија, не успеа да ја мине групата и покрај двете победи. Двојки за осминафиналето: Франција – Финска Италија – Турција Русија – Грција Словенија – Бугарија …

Формирани осминафиналните двојки на Европското првенство во одбојка Read More »

Поранешниот претседател на Салвадор осуден на две години затвор поради поткуп


Поранешниот претседател на Салвадор, Антонио Сака е осуден на две години затвор поради давање поткуп, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во земјата. Педесет и четири годишниот Сака е прогласен за виновен бидејќи се обидувал да поткупи службеник во судот со 10.000 долари, со цел да добие информација за дело кое се води против него. Сака, …

Поранешниот претседател на Салвадор осуден на две години затвор поради поткуп Read More »

Една жртва во пукање во Вашингтон


Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа. Се уште не е познато дали осомничениот за нападот е уапсен, а полициски извор за локалние медиуми изјави дека „не сметаат оти се работи за активен стрелец“. Тој додаде  дека повредените не се во животна опасност. Телевизијата WJLA на …

Една жртва во пукање во Вашингтон Read More »

Најмалку две жртви во поплави во Тексас


Најмалку две лица загинаа во поплавите кои го погодија Тексас после тропската бура Имелда, а спасувачките екипи се обидуваат со чамци да стигнат до возачите чии автомобили се заглавени во водената стихија, како и до семејствата кои останале во своите куќи. Градоначалникот на Хјустон Силвестер Танер изјави дека од синоќа поплавите почнале да се повлекуваат …

Најмалку две жртви во поплави во Тексас Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН: Сигурни во своите капацитети и способности, денес сепак ќе треба да внимавате да не брзате правејќи лесни коментари за работите што се случуваат: ситуацијата е посложена отколку што изгледа на прв поглед и сега треба да правите калкулирани чекори во остварувањето на своите амбиции. Дишете длабоко и хранете се добро. БИК: Условите се менуваат …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска? Read More »

Ќе се казнуваат пешаците што одат на велосипедски патеки


Нема дефиниција за електричните тротинети ниту правила кој може да ги вози, каде и како лицето треба да биде опремено за безбедно да управува со него и да не ја загрозува безбедноста на другите учесници во сообраќајот. За да се најдат одговори на овие прашања, беше организирана тркалезна маса на тема „Учество во сообраќајот со …

Ќе се казнуваат пешаците што одат на велосипедски патеки Read More »

Деветнаесет лица повредени во 15 сообраќајки во Скопје


Деветнаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во 10 сообраќајни незгоди од вкупно 15 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај се исклучени 25 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој …

Деветнаесет лица повредени во 15 сообраќајки во Скопје Read More »

Пијани кокошки


ПЕТАР АРСОВСКИ За нас малкутемина, кои по некоја случајност останавме да живееме на слепото црево на Европа наречено Македонија, не е големо изненадување фактот што живееме во време на контрасти кои се суштински непомирливи, а сепак коегзистираат секојдневно и паралелно. Соочени со таков калабалак на политички ставови и една општа рашомонијада на вистината, не би …

Пијани кокошки Read More »

Алексеј Навални номиниран за наградата „Сахаров“ на Европскиот Парламент


Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, е предложен од Европската народна партија за престижната европска награда за слобода на мисла. Наградата „Сахаров“ ја доделува Европскиот Парламент секоја година на лица или организации кои ја бранат демократијата, слободата на изразување и човековите права ширум светот. Алексеј Навални, најпознатиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, оваа година е предложен …

Алексеј Навални номиниран за наградата „Сахаров“ на Европскиот Парламент Read More »

Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул


Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул, најавува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која денеска, во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава. Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена …

Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул Read More »

Уште двајца обвинители од СЈО ќе продолжат да ги застапуваат предметите


Поранешните обвинители во СЈО Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска и натаму ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“. Пред  Донев и Јосифовска, уште тројца поранешни обвинители во СЈО добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа. Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, …

Уште двајца обвинители од СЈО ќе продолжат да ги застапуваат предметите Read More »

Видео: Две молњи удрија во „тојота“ на автопат во Русија


  Еден автомобил речиси ќе се запалеше во текот на возењето на автопат во Русија, откако го удрија две молњи во многу кус период, а овој неверојатен удар беше снимен од возило кое возеше зад „тојотата“. За среќа сите парници во автомобилот се добро, а некои делови од возилото се изгорени. Ана Наказник која ја …

Видео: Две молњи удрија во „тојота“ на автопат во Русија Read More »

Даночни олеснувања и либерализација на работните односи во ИТ секторот


Фискалните давачки, регулативата за работни односи и образованието се темите за кои денеска се дебатираше на форумот „Бизнис клима за информациско-комуникациска технолошка индустрија – како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?“, што се одржа во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Александра Чакаревска од МАСИТ изјави дека …

Даночни олеснувања и либерализација на работните односи во ИТ секторот Read More »

Скопските улици и утре блокирани поради „Ден без автомобили“


Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека утре во Скопје ќе биде изменет режимот на сообраќајот поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили“, со кое ќе се  одбележи Европската недела на мобилност 2019 – Пешачи со нас. Дефилето, кое го организира Градот Скопје, ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко“, потоа по улицата …

Скопските улици и утре блокирани поради „Ден без автомобили“ Read More »

Османи-Рот: За една недела Бундестагот ќе даде зелено светло за старт на преговорите


Германскиот Бундестаг за една недела ќе даде зелено светло за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Берлин со државниот министер за Европа и претставник на Германија во ЕУ, Михаел Рот, добил потврда дека германската Влада во целост ги поддржува европските …

Османи-Рот: За една недела Бундестагот ќе даде зелено светло за старт на преговорите Read More »

Франција го одби барањето на Сноуден за азил


Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан изјави дека „не е време“ за одобрување на новото барање за азил од поранешниот вработен во НСА – „свиркачот“ Едвард Сноуден. Францускиот министер појасни дека кога Сноуден првпат побарал француски азил во 2013 година, француската Влада оценила дека „не е време“. – Оттогаш ништо не е сменето, …

Франција го одби барањето на Сноуден за азил Read More »

Заев: Многу лажни вести имаше околу Преспанскиот договор


– Пропагандата, дезинформациите и евтините квази новинарски приказни промовираат омраза и насилство, создаваат параноја и заговор, ја поткопуваат демократијата и националната безбедност. Тие ни одблиску не се слобода на говор. Напротив, имаат за цел да ги изманипулираат граѓаните, да дезинтегрираат личности, да создадат конфликти. Затоа, мора да научиме да правиме разлика меѓу лагите и конструктивните …

Заев: Многу лажни вести имаше околу Преспанскиот договор Read More »

Kостадинов: Дали Камчев е финансиер на кампања на ВМРО-ДПМНЕ?


  Портпаролот и пратеник на владејачката СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната партиска прес-конференција побара лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да одговори дали Орце Камчев е финанисер на изборна кампања на најголемата опозициска партија во земјава. „Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот „Рекет“? Наместо да шири лажни …

Kостадинов: Дали Камчев е финансиер на кампања на ВМРО-ДПМНЕ? Read More »

Иран ќе им дозволи на жените да гледаат меѓународни фудбалски натпревари


На иранските жени ќе им биде дозволено да одат на стадиони и да ја гледаат машката фудбалска репрезентација, информира денеска министерот за спорт Масуд Солтанифар. – Направени се сите неопходни подготовки за да можат жените, првично само за меѓународни натпревари, да влезат на фудбалските стадиони, истакнува во пишана изјава Солтанифар. На стадионот „Азади“ во Техеран, …

Иран ќе им дозволи на жените да гледаат меѓународни фудбалски натпревари Read More »