Формирани осминафиналните двојки на Европското првенство во одбојка


На Европското одбојкарско првенство синоќа завршија натпреварите во групната фаза по кои познати се учесниците за осминафиналната фаза.

Македонската репрезентација која беше дел од Ц-групата што се играше во Словенија, не успеа да ја мине групата и покрај двете победи.

Двојки за осминафиналето:

Франција – Финска
Италија – Турција
Русија – Грција
Словенија – Бугарија
Србија – Чешка
Белгија – Украина
Полска – Шпанија
Холандија – Германија.

Натпреварите ќе се играат во текот на утрешниот ден (21 септември).