Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Сигурни во своите капацитети и способности, денес сепак ќе треба да внимавате да не брзате правејќи лесни коментари за работите што се случуваат: ситуацијата е посложена отколку што изгледа на прв поглед и сега треба да правите калкулирани чекори во остварувањето на своите амбиции. Дишете длабоко и хранете се добро.

БИК:
Условите се менуваат и како да чекорите на лизгав терен: иако ја имате потребната мудрост и зрелост, она кон кое што тежнеете е лојалност, пријателство и несебичност. Прашање е дали го добивате тоа? Во текот на денот ќе треба да се повлечете на кратко и да обрнете внимание на финансиите: ако може, купете си нешто.

БЛИЗНАЦИ:
Денес е ваш ден: бидете директни и кажете точно што ви е потребно. Внимавајте на можните сплетки и шеми направени од страна на некој опонент и бројте до десет: пријателите и роднините ќе бидат до вас во најтешките моменти и на крајот ќе се смеете многу заедно! Ако минувате низ некаква легална битка, можна е победа.

РАК:
Ова е одличен период за воспоставување на нови пријателства, партнерства или сојузи, со кои што ќе бидете емоционално исполнети: чести патувања во непосредната околина и трговија. Им помагате на роднините и тие ви помагаат вам, па животот се одвива прекрасно бидејќи ги надминувате спротивностите што обично ве разделуваат.

ЛАВ:
Ветувањата што ги добивате се како априлска шега и повеќе не верувате дека ќе успеете да ги завршите работите пред да започне есента: ако сте појдени некаде на краткотраен пат, никако да се усогласите со потребите на останатите. Најдобро би било да размислите како да го вратите фокусот и да ги сортирате фактите. Логични солуции.

ДЕВИЦА:
Најдобро ќе биде да му завртите грб на светот и да дозволите да ве води вашата мудрост и желба за независност. Ако досега чувствувате некаква вина или болка поттикната од некоја глобална случка, сега е време да ја заборавите: ништо не е вечно, затоа задржете го курсот. Бидете љубезни, инвентивни и сочувствителни во секое време.

ВАГА:
Со силно чувство за такт, дипломатија и компромис, дејствувајте така за да им угодите на саканите: ситни мали активности и сè во нивно име, со што добивате љубов за возврат. Надежта и идеализмот се враќаат во вашиот живот и ова е одличен ден да размените логични совети за да го вратите ентузијазмот во љубовта. Креативни проекти.

СКОРПИЈА:
Сериозни, посветени на своите должности и блиските врски, се стремите да постигнете повисок општествен статус: ова е одличен ден кога ќе успеете да направите нови договори околу здружените финансии и имот, без да правите преголеми реакции. Самодисциплинирани и исконтролирани, обрнете внимание на дневните оброци.

СТРЕЛЕЦ:
Успешно ги решавате досегашните проблеми и со тоа станувате сè пољубезни: бучавата ќе запре, недоразбирањата остануваат минато и сега сте благодарни што сте токму тука, а не на друго место. Ова е време за размислување и планирање и, иако можеби треба да штедите повеќе, генерално сè ќе биде во ред. Внимавајте на главата и очите.

ЈАРЕЦ:
Ја вложувате целата своја сила за да ги придвижите работите кои што се влечкаат веќе некое време и сето ова ви претставува преголем напор: ќе мора да најдете време да се одморите, бидејќи би можеле да се соочите со нагли предизвици и изненадувања. Можен е отпор, ограничувања или нови даноци, за што треба да се информирате добро.

ВОДОЛИЈА:
Неочекувана шанса да се изразите, да кажете и да претставите како сте биле заведени: ако сакате да дојдете до резултат, ќе треба да отпеете серенада со многу атрактивни детали. Внимавајте на тонот на мелодијата, бидејќи таа може да ги возвиши, но и растажи туѓите чувства и на тој начин да ја смени реалноста: усогласете се со останатите.

РИБИ:
Се радувате и правите промени во областа на домот: знаете дека така ќе постигнете независност и ќе ги ослободите останатите што зависат од вас. Ова е прекрасно чувство, но сето тоа ќе треба да биде направено со такт, но и доза на фантазија, со што ќе направите база за нов животен стил или бизнис. Нов работен ангажман.

Ирена Танчева