Kостадинов: Дали Камчев е финансиер на кампања на ВМРО-ДПМНЕ?


 

Портпаролот и пратеник на владејачката СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната партиска прес-конференција побара лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да одговори дали Орце Камчев е финанисер на изборна кампања на најголемата опозициска партија во земјава.

„Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот „Рекет“? Наместо да шири лажни вести, тој е должен да излезе пред јавноста и да одговори: Дали Орце Камчев, тајкун излезен од режимот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во предмети на СЈО, е финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ? Дали станува збор, за изборната кампања за последните претседателски избори? Дали знае да одговори Мицкоски колку тоа го чинело Камчев односно неговите фирми финансирањето на изборната кампањата? Одговор може да даде и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев како потписник на сметката на партијата“, рече Костадинов.