Реновирана Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје


По неколку децении просториите на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје се целосно реновирани, а комплетно е обновен хируршкиот инструментариум и дел од опремата. Клиниката денеска ја посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. – На пациентите им овозможуваме врвна медицинска услуга, следејќи ги најновите светски стандарди во современата пластична …

Реновирана Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје Read More »

Општина Карпош доби ново зелено катче


Левата страна (коцка) на влезот на ТЦ „Лептокарија“ во општина Карпош ќе добие нов лик. Во текот на летниот период ќе почне хортикултурно разубавување, а дополнително ќе се постават и нови реквизити за најмладите: лулашки, тобогани, клацкалки и клупи. Овој дел ќе прерасне во нов т.н. Green Corner, кој ќе биде отворен за сите посетители …

Општина Карпош доби ново зелено катче Read More »

Иако е забрането со закон, контејнерите се полнат со градежен шут


Практиката градежен отпад да се одлага во или до најблискиот контејнер не е непозната во главниот град, а најновиот пример доаѓа од Општина Ѓорче Петров, каде што граѓани го наполниле контејнерот со цигли. Во општината Ѓорче Петров екипите на ЈП „Комунална хигиена“ регистрираа големо количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата „Црвена …

Иако е забрането со закон, контејнерите се полнат со градежен шут Read More »

ОН: Од Венецуела побегнале четири милиони луѓе


Од почетокот на економската и политичка криза, од Венецуела заминале четири милиони бегалци и мигранти, предупреди денеска високиот комесаријат на ОН за бегалци и Организацијата за миграција. Нивниот број на крајот на 2015 година изнесуваше 700.000, а до средината на оваа година бројот на бегалци достигна четири милиони, објавија агенции на ОН во заедничката изјава. …

ОН: Од Венецуела побегнале четири милиони луѓе Read More »

Заев очекува одлуки во корист на Северна Македонија и на Албанија


– Албанија е наш голем пријател. Убаво е двете земји да одат напред. Само така и ќе можеме повеќе и да си помагаме како две земји кои паралелно, поглавје по поглавје ќе ги отвораат, ќе ги преговараат и слично. Тоа ќе ги забрза процесите во двете земји. Верувам дека ќе се донесат одлуки и на …

Заев очекува одлуки во корист на Северна Македонија и на Албанија Read More »

Жбогар од Берово: Решавањето на проблемите на младите приоритет за ЕУ


Државата и Европската Унија да се фокусираат на решавање на проблемите на младите со цел да се намали нивниот одлив од источниот дел на Републиката. Ова е клучната порака која евроамбасадорот Самуел Жбогар ја испрати од Малешевијата во рамки на инфо работилницата која делегација на Европската Унија ја одржа во Берово како дел од кампањата …

Жбогар од Берово: Решавањето на проблемите на младите приоритет за ЕУ Read More »

Галерија: „Горда сум што сум своја“ на плоштад „Македонија“


На плоштадот „Македонија“ во Скопје, денеска на пладне се одржа парада за позитивна слика на женското тело, насловена „Горда што сум своја“. На самиот настан учество зедоа многу девојки, жени и мајки кои без разлика на големината, висината, кожата, како и недостатоците гордо продефилираа само во костими за капење, со цел да ги убедат жените …

Галерија: „Горда сум што сум своја“ на плоштад „Македонија“ Read More »

Приведен маж кој подготвувал експлозија на „Тајмс сквер“


Њујоршката полиција приведе маж кој подготвувал експлозија во централниот дел од Менхетн. Осомничениот е уапсен во акција на ФБИ и на градската полиција. Според полицијата, приведениот купувал експлозивни направи со кои планирал да предизвика експолоизија на Тајмс сквер. Не е соопштено името на приведениот кој најверојатно дејствувал самостојно. Нема други закани за експлозии во градот, …

Приведен маж кој подготвувал експлозија на „Тајмс сквер“ Read More »

Од денеска отворени игралиштата за одбојка и за ракомет на песок


Од денеска, почнуваат со работа одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Кејот на реката Вардар (од страната на Луна паркот). Сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, спортски клубови, здруженија на граѓани и сл., можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на игралиштата на песок. Горенаведените спортски терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, …

Од денеска отворени игралиштата за одбојка и за ракомет на песок Read More »

КСС со протест пред Владата ќе бара 25 отсто повисока плата


Конфедерацијата на слободни синдикати за утре попладне најавува протест пред Владата барајќи исполнување на нивните барања за усогласување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор. Од Конфедерацијата на слободни синдикати се и против трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор. – Бараме усогласување на …

КСС со протест пред Владата ќе бара 25 отсто повисока плата Read More »

„Зидојче Цајтунг“: Меркел се произнесла против доделување датум за Македонија


„Зидојче цајтунг“ објави дека германската канцеларка Ангела Меркел се произнесла против идејата Македонија ова лето да добие Датум за преговори со Европската унија, откако гласилото се повика на свои извори. Меркел на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот рекла дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија …

„Зидојче Цајтунг“: Меркел се произнесла против доделување датум за Македонија Read More »

Избегнат судир помеѓу американски и руски воен брод во Тихи Океан


Во Тихи Океан избегнат е судир помеѓу два воени брода на САД и на Русија, што предизвика меѓусебни обвинувања помеѓу воените команди на двете земји за предизвикување на инцидент. Прва се огласи Руската пацифичка флота, која соопшти дека Москва испратила протесна нота до командата на армијата на САД откако американски крстосувачки брод го попречил преминувањето …

Избегнат судир помеѓу американски и руски воен брод во Тихи Океан Read More »

Ќе се носи закон за реашавање на проблемот со лицата без документи


Од идната недела на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР ќе биде поставено предлог законско решение за надминување на проблемите на лицата кои живеат во земјава, но немаат документи. Со него треба да се обезбедат услови тие да можат да остварат социјални, здравствени и образовни права, но и во управна постапка да им биде …

Ќе се носи закон за реашавање на проблемот со лицата без документи Read More »

БМВ се спојува со Јагуар ланд ровер


Германската компанија БМВ се спојува со најголемиот произведувач на автомобили во Велика Британија, Јагуар ланд ровер  (ЈЛР), пишува лондонски „Гардијан“. Гигантите се одлучија да го преземат тој чекор за да ги намалат трошоците и да напредуваат во трката за производство на електрични автомобили на масовниот пазар. Компаниите наведуваат дека ќе работат заедно на развојот на …

БМВ се спојува со Јагуар ланд ровер Read More »

Јазот во понудата и побарувачката на работна сила може да го ограничи развојот на економијата


Јазот меѓу понудата и побарувачката на работна сила во земјава сѐ уште е голем. Бизнисот се соочува со недостиг и на стручни и на нестручни кадри. Овој проблем во иднина би можел да биде ограничувачки фактор за развојот на економијата. За да се намали тој јаз потребна е координирана акција и мерки во соработка со …

Јазот во понудата и побарувачката на работна сила може да го ограничи развојот на економијата Read More »

ДКСК отвори постапка за доделувањето на наградата „Св. Климент Охридски“


Државната комисија за спречување на корупцијата отвори постапка за разгледување на начинот на доделување на државната награда за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието и културата „Св. Климент Охридски“ што ја доделува Министерството за образование и наука. Според претставката поднесена од поранешна професорка, државната награда во висина од 4.000 евра е се доделува нетранспарентно …

ДКСК отвори постапка за доделувањето на наградата „Св. Климент Охридски“ Read More »

Атанасов: Во земјава се јаде безбедна храна


Во првите пет месеци од годинава извршени се околу 50 илјади контроли за безбедност на храната во земјава и се поднесени две кривични пријави против оператори  што го загрозиле  здравјето на луѓето со пуштање незбезбедна храна во промет. Во едниот случај има и доказ за штетна последица кај корисникот, соопшти Зоран Атанасов, директор на Агенцијата …

Атанасов: Во земјава се јаде безбедна храна Read More »

Груевски со нотарски акт ја достави оставката во Собранието, можно е во вторник да биде на седница


Најавената oставка на пратеничката функција, поранешниот премиер Никола Груевски, кој по судските процеси избега и доби политички азил во Унгарија, е доставена во Собранието на Република Северна Македонија во средата на 5-ти јуни. Се очекува во понеделник на координација претседателот на Собранието заедно со координаторите на пратеничките групи да ја разгледаат оставката на Груевски и …

Груевски со нотарски акт ја достави оставката во Собранието, можно е во вторник да биде на седница Read More »

Учениците од „Хасан Приштина“ учеа за селекција на отпадот


Стотина ученици од петтите одделенија при ООУ „Хасан Приштина“ од скопската општина Чаир, денеска го посетија Центарот за селекција на отпадот на ЈП „Комунална  хигиена“ – Скопје. За време на посетата, учениците беа едуцирани колку е значајна примарната селекција на отпадот и имаа можност да видат како се одвива процесот на неговото машинско балирање. Тие …

Учениците од „Хасан Приштина“ учеа за селекција на отпадот Read More »

Отворена нова спортска сала во АСУЦ „Боро Петрушевски“


Во СУГС „Боро Петрушевски“ денеска беше отвoрена нова спортска сала, која се градеше изминатите 14 години. -АСУЦ „Боро Петрушевски“ од денеска е побогат за нова современа спортска сала која конечно, после 14 години од почетокот на нејзината градба, е завршена и ставена во употреба на задоволство на учениците и наставниот кадар од ова средно училиште. АСУЦ …

Отворена нова спортска сала во АСУЦ „Боро Петрушевски“ Read More »