ОН: Од Венецуела побегнале четири милиони луѓе


Од почетокот на економската и политичка криза, од Венецуела заминале четири милиони бегалци и мигранти, предупреди денеска високиот комесаријат на ОН за бегалци и Организацијата за миграција.

Нивниот број на крајот на 2015 година изнесуваше 700.000, а до средината на оваа година бројот на бегалци достигна четири милиони, објавија агенции на ОН во заедничката изјава.

Алармантни бројки укажуваат на итна потреба за поддршка на земјите што ги примиле, главно во Јужна Америка – Колумбија, Перу, Чиле, Еквадор, Бразил и Аргентина.