Галерија: „Горда сум што сум своја“ на плоштад „Македонија“


Горда сум што сум своја - Фото: Б.Грданоски
На плоштадот „Македонија“ во Скопје, денеска на пладне се одржа парада за позитивна слика на женското тело, насловена „Горда што сум своја“.
На самиот настан учество зедоа многу девојки, жени и мајки кои без разлика на големината, висината, кожата, како и недостатоците гордо продефилираа само во костими за капење, со цел да ги убедат жените и мажите да ги „соблечат“ сите видови предрасуди.
Настаните од ваков тип често одекнуваат во јавноста затоа што им овозможуваат на луѓето да се исполнат со самодоверба и моќ.