Приведен маж кој подготвувал експлозија на „Тајмс сквер“


Њујоршката полиција приведе маж кој подготвувал експлозија во централниот дел од Менхетн.

Осомничениот е уапсен во акција на ФБИ и на градската полиција. Според полицијата, приведениот купувал експлозивни направи со кои планирал да предизвика експолоизија на Тајмс сквер.

Не е соопштено името на приведениот кој најверојатно дејствувал самостојно. Нема други закани за експлозии во градот, соопшти полицијата.