Заев очекува одлуки во корист на Северна Македонија и на Албанија


– Албанија е наш голем пријател. Убаво е двете земји да одат напред. Само така и ќе можеме повеќе и да си помагаме како две земји кои паралелно, поглавје по поглавје ќе ги отвораат, ќе ги преговараат и слично. Тоа ќе ги забрза процесите во двете земји. Верувам дека ќе се донесат одлуки и на двете земји.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.
– Не смее ниту една земја да биде закочена поради околности, екстерни што не зависат од самата земја. Правилата на ЕУ се јасни. Ако земјата испорача, Европа треба да испорача. Мерит систем постои за секоја земја. Нашиот извештај зборува дека како никогаш порано не сме биле позаслужни. Овој пат тоа е најмногу. Највеќе сме заслужни да го добиеме толку очекуваниот датум за преговори. 15 години нашите граѓани очекуваат да добијат датум за преговори, изјави Заев.