Мицкоски за „Политика“: Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите


Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите и ако имаме двотретинско мнозинство и пратеници од другите етнички заедници, „се отвора можност за враќање на чекор наназад, во спротивно не чека многу работа“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за денешниот број на белградскиот весник „Политика“. – Македонија мора да се …

Мицкоски за „Политика“: Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите Read More »

Почина затвореник во „Идризово“


Во понеделникот, во 9.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправна установа Идризово починал Е.И.(40) од село Горно Оризари, велешко. Смртта ја констатирал лекар, а телото на починатиот било предадено на обдукција.

Фалсификувани евра се појавија во Крива Паланка


  Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.С. и Ј.С., двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, во врска со кривично дело „соизвршителство“. Во декември 2018 пријавените, од едно лице од Белград, Србија, набавиле 10 фалсификувани банкноти во апоени од по 500 …

Фалсификувани евра се појавија во Крива Паланка Read More »

Во Словенија првпат мажите го надминаа бројот на жените


– Бројот на мажи, во првата половина на 2019 година, првпат во 160-годишната историја на статистиката на населението во Словенија, го надмина бројот на жени, соопшти Бирото за статистика на таа земја. Во вкупното население на Словенија, вклучително и странци, евидентирани на 1 јули годинава, имало 1.045.835 мажи и 1.043.475 жени, пренесува словенечката агенција СТА. …

Во Словенија првпат мажите го надминаа бројот на жените Read More »

Анкета: Половина Руси подготвени да прекинат да користат странски интернет услуги


Повеќе од половина Руси се подготвени да прекинат да користат странски интернет услуги во корист на руските, со цел да се промовира  развојот на националниот пазар, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за развој на Интернет. Истражувањето е спроведено од 23 до 27 октомври на примерок од 1.000 испитаници кои живеат во Русија на …

Анкета: Половина Руси подготвени да прекинат да користат странски интернет услуги Read More »

Манчевски: Сајбер-безбедноста не може да се реши без меѓусебна соработка на државите


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на Европскиот форум за сајбер-безбедност што се одржува во Полска, при што се обрати на панел сесијата: „Развој на сајбер-безбедноста: Рушење на глобалните препреки во сајбер-безбедноста“. На прашањето посветено на дигиталната трансформација и можностите кои ги нуди дигиталната револуција, особено за бизнис секторот и кои се …

Манчевски: Сајбер-безбедноста не може да се реши без меѓусебна соработка на државите Read More »

Палмер: Дојдов да ја потврдам поддршката од Америка за Северна Македонија


Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, кој денеска престојува во Скопје, порача дека е дојден за да ја пренесе поддршката од САД за Македонија, а потоа продолжува за Приштина, Белград и Атина. – Задоволство ми е што сум повторно во Скопје, да ги видам пријателите и да разговарам за …

Палмер: Дојдов да ја потврдам поддршката од Америка за Северна Македонија Read More »

Почесто пријавување на загадувачите за почист воздух


Ако се сакаме себе си, ќе направиме се што е возможно за да влијаеме и да го намалиме аерозагадувањето. Можеби јас како индивидуа не можам да го намалам загадувањето, но ако сите заедно делуваме, почесто пријавуваме и најдеме начини како да се справиме и со поголемите загадувачи, се надевам дека оваа зима ќе дишеме малку …

Почесто пријавување на загадувачите за почист воздух Read More »

Либанскиот премиер поднесе оставка


Либанскиот премиер Саад ал Харири попладнево поднесе оставка, во момент кога неговата земја ја потресуваат немири поради најавените економски реформи. Речиси две недели траат протестите во Либан, а демонстрантите бараат оставка од Владата заради големото незадоволство во јавноста по откриените случаи на корпуција, во кои се вмешани политичари од владејачките партии. Претходно денеска шаторите на …

Либанскиот премиер поднесе оставка Read More »

Кетрин Ештон лобист на приватна компанија


Поранешната шефица на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон пет години, по заминувањето од функцијата, стана лобист на приватната компанија „ГардаВорд“, која дава понуди за ЕУ договори. Според Еуобзервер, на оваа канадска компанија и се приклучил уште еден висок претставник на ЕУ. Ештон беше првиот висок претставник на ЕУ задолжен за надворешна политика од …

Кетрин Ештон лобист на приватна компанија Read More »

Два турски борбени авиона влегоа во воздушниот простор на Грција


Турски борбени авиони Ф-16 влегоа денеска во грчкиот воздушен простор без дозвола, соопшти Генералштабот на армијата на Грција. Тие попладнево летале над островот Липси, на височина од околу 24.000 стапки. Како што се наведува, биле пресретнати од грчки воени авиони според меѓународните стандарди.

Николов: Имаме стандарди за маркетинг на пазарот за овошје, но не ги спроведуваме


 Имаме добро воспоставени стандарди за маркетинг на пазарот на овошје, но недостасува нивно спроведување, истакна Димитрие Николов, тим лидер на проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“. Проектот, кој е  финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ 2015 со буџет од 669 илјади евра, е во времетраење од 20 месеци …

Николов: Имаме стандарди за маркетинг на пазарот за овошје, но не ги спроведуваме Read More »

Нема договор меѓу СОНК и МОН


Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование денеска не постигнаа договор, но најавија дека до крајот на неделата повторно ќе се состанат. По средбата, министерот Арбр Адеми изјави дека преговорите продолжуваат. – За жал, денеска не се постигна конечен договор што значи дека преговорите ќе продолжат. Разгледани се повеќе опции, повеќе …

Нема договор меѓу СОНК и МОН Read More »

„Повардарие“ во стечај, лозарите да пријават побарувања


Здружението на Тиквешки лозароовоштари денеска информираше дека е отворена стечајна постапка над винарската визба „Повардарие“ од Неготино. Оттаму ги повикаа лозарите кои имаат долгови од винарницата за предадено грозје во минатото, да поднесат побарувања до стечајниот управник Зоран Денковски од Куманово. Кантарна белешка и потврда од винарнницата, дека документот е валиден. – Доколку лозарите веќе …

„Повардарие“ во стечај, лозарите да пријават побарувања Read More »

Амди Бајрам: Со ВМРО-ДПМНЕ не преговарам; Титаник пропадна, сега сум на другиот брод


Претседателот на Сојузот на Ромите и пратеник во Собранието, Амди Бајрам денеска одржа прес-конференција во законодавниот дом на која демантираше дека преговара за стапување во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека останува во коалицијата на СДСМ. – Сакам да се изјаснам во врска со некои шпекулации, кои ги има во јавноста, во медиумите, по порталите …

Амди Бајрам: Со ВМРО-ДПМНЕ не преговарам; Титаник пропадна, сега сум на другиот брод Read More »

Неделава оглас за вградување плински уреди во возилата


Во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарско прашање во Владата, министерот Бектеши рече дека јавноста дополнително ќе биде известена за условите што треба да ги исполнат сите заинтересирани граѓани. Ова е една од сетот мерки насочени кон …

Неделава оглас за вградување плински уреди во возилата Read More »

Пензионерите предлагаат комбиниран начин на усогласување на пензиите


Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија смета дека во формулата за пресметување на процентот за усогласување на пензиите, покрај порастот на индексот на трошоците на животот, треба да се земе предвид и дел од растот на платите, заради одржување на реална вредност на пензиите. – Ваквото системско решение ќе овозможи избалансираност на овие два …

Пензионерите предлагаат комбиниран начин на усогласување на пензиите Read More »

ИОК ја предупредува Северна Македонија: Променете го законот или следува суспензија


Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) се закани дека ќе го суспендира Олимпискиот комитет на Северна Македонија (МОК), доколку не го промени својот закон за спорт во рок од шест месеци, објави „Екипа“. ИОК испрати ново писмо до Скопје, во кое ги повикува домашните институции да ја синхронизираат работата на спортските федерации со Олимписките игри инаку тие …

ИОК ја предупредува Северна Македонија: Променете го законот или следува суспензија Read More »

Либанскиот премиер денеска ќе поднесе оставка


Либанскиот премиер Саад ел- Харири најверојатно попладнево ќе поднесе оставка на функција, изјави висок претставник од владеачката коалиција. Претходно денеска друг владин извор соопшти дека премиерот размислува за оставка, пренесоа британските медиуми. Речиси две недели траат протестите во Либан заради најавените економски реформи, а учесниците бараат оставка од владата заради се поголемиот бес во јавноста …

Либанскиот премиер денеска ќе поднесе оставка Read More »

Советот за македонски јазик предлага задолжително ангажирање лектори во сите државни и јавни установи и институции


Задолжително ангажирање или вработување на лектори по македонски јазик во сите државни и јавни установи и институции, задолжително изучување на македонскиот јазик на сите високообразовни установи во два семестри, натамошна афирмација на македонскиот јазик во странство преку обновување на старите и отворање нови лекторати по македонски јазик на странските универзитети, се дел од одредбите кои …

Советот за македонски јазик предлага задолжително ангажирање лектори во сите државни и јавни установи и институции Read More »