ИОК ја предупредува Северна Македонија: Променете го законот или следува суспензија


Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) се закани дека ќе го суспендира Олимпискиот комитет на Северна Македонија (МОК), доколку не го промени својот закон за спорт во рок од шест месеци, објави „Екипа“.
ИОК испрати ново писмо до Скопје, во кое ги повикува домашните институции да ја синхронизираат работата на спортските федерации со Олимписките игри инаку тие ќе бидат предмет на санкции, во најлош случај исфрлени од олимпиското движење.
Барањата на ИОК се однесуваат на Законот за спорт, кој, според мислењето на меѓународната институција, не обезбедува доволна автономија во функционирањето на домашните спортски федерации, односно да се овозможи ослободување од политичко мешање.
ИОК инсистира на средба со официјалните претставници на МОК и да се активираат сите можни државни институции.