Два турски борбени авиона влегоа во воздушниот простор на Грција


Турски борбени авиони Ф-16 влегоа денеска во грчкиот воздушен простор без дозвола, соопшти Генералштабот на армијата на Грција.

Тие попладнево летале над островот Липси, на височина од околу 24.000 стапки.

Како што се наведува, биле пресретнати од грчки воени авиони според меѓународните стандарди.