Јанкулоски: Моделот на дисперзија на третманот на зависности да продолжи во повеќе општини


Начелно постигнат е консензус и согласност дека процесот на дисперзија на програмата за третман и превенција на зависности од дневниот Центар во Кисела Вода, во поликлиниките во Аеродром, Ченто, Бардовци и во болницата „8 Септември“, треба да продолжи на територијата на цело Скопје, изјави за МИА, Христијан Јанкулоски, долгогодишен експерт за политика за дроги, кој …

Јанкулоски: Моделот на дисперзија на третманот на зависности да продолжи во повеќе општини Read More »

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ го блокира ребалансот на буџетот на Општина Гази Баба


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски на прес-конференција појасни дека развојните планови на општината се закочени поради тоа што еден месец не може да се донесе ребаланс на буџетот, поради опструкции од советниците на мнозинството. „Повеќето проекти кои што ги ветивме, се започнати, а дел се во завршна фаза“, рече Георгиевски, но не можат …

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ го блокира ребалансот на буџетот на Општина Гази Баба Read More »

Во завршна фаза е изградбата на новиот „pumptrack” полигон


Во завршна фаза е изградбата на новиот pumptrack полигон што Градот Скопје го гради на површината пред Олимпискиот базен „Центар”. Новиот pumptrack полигон е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. …

Во завршна фаза е изградбата на новиот „pumptrack” полигон Read More »

За итни случаи од странство ѕвонете во Глобал СОС


Глобал СОС е новиот контакт центар за итни случаи преку кој граѓаните на Македонија кои се наоѓаат надвор од државата ќе може директно да се обратат за која било итна ситуација, а кој директно ќе им помогне или ќе ги поврзе со соодветната институција или конзуларен службеник кој ќе може да им ја обезбеди итната …

За итни случаи од странство ѕвонете во Глобал СОС Read More »

Цела влада на одмор во август: Шекеринска во Скандинавија, Манчевски во Италија


Заради интересот на медиумската јавност, Владата соопшти кога и каде ќе одат на одмор нејзините членови. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев дел од годишниот одмор ќе го искористи во деновите после празникот 2 Август, Илинден. Премиерот Заев и неговото семејство деновите од одморот ќе ги поминат во Охрид и во Грција. …

Цела влада на одмор во август: Шекеринска во Скандинавија, Манчевски во Италија Read More »

Помпео: Не се уапсени агенти на ЦИА во Иран


Американскиот државен секретар Мајк Помпео го демантираше Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени на смрт. – Иранскиот режим има долга традиција на лажење, кратко изјави Помпео за телевизијата „Фокс њуз“. Претходно, иранската државна телевизија објави дека во земјата се уапсени 17 шпиони кои работеле за американската Централна агенција за разузнавање …

Помпео: Не се уапсени агенти на ЦИА во Иран Read More »

Михајловиќ: Србија со Северна Македонија и со Албанија ќе работи на намалување на метежот на границите


Светската банка и одобри 40 милиони долари на Србија во рамките на проектот “Олеснување на трговијата и транспортот”, чија цел е намалување на времето на задржување на граничните премини. Тоа е регионален проект во кој, покрај Србија, се вклучени и Северна Македонија и Албанија, а вкупната вредност на заемот на Светската банка за сите три …

Михајловиќ: Србија со Северна Македонија и со Албанија ќе работи на намалување на метежот на границите Read More »

Корупцијата и капиталистите


ЗДРАВКО САВЕСКИ Огромен е шокот што го доживеа јавноста во врска со случајот „Рекет“ и веројатна вмешаност на Катица Јанева во него. Веќе подолго време се гледаше дека СЈО нема волја и капацитет да си ја изврши задачата и дека е во дослух со власта. Но, тоа не предизвикуваше шок. Само разочараност. Како сета „нова“ …

Корупцијата и капиталистите Read More »

Белград: Гори трезор на банка


Во главниот град на Србија, Белград избувна пожар во трезорот на „Директна банка’. На терен се три противпожарни возила и двајца полицајци. Пред банката има многу луѓе, јавува РТС.

Еден маж загина во експлозија во фабрика за месо во Нови Сад


Еден 57-годишен маж загина во експлозија на котел во фабриката Месна индустрија Матијевиќ во Нови Сад. Екипата на брза помош, која добила дојава три минути пред 12 часот,  излегла на лице место и само констатирала смрт, јави телевизијата Н1. Медицинска помош му била укажана на еден 45-годишен маж, кој потоа бил пренесен на Клиниката за …

Еден маж загина во експлозија во фабрика за месо во Нови Сад Read More »

Пендаровски: Бизнисот треба постепено да се ослободува од политичките стеги


Загриженост за владеење на правото, економската дипломатија, проактивно лидерство и минимизирање на поларизацијата во општеството предизвикана од континуираните политички превирања презентира и побара денеска бизнис заедницата од Сојузот на стопанските комори на Македонија од претседателот на државата Стево Пендаровски, кој ги повика на директна секојдневна комуникација за прашањата што се важни за економијата и им …

Пендаровски: Бизнисот треба постепено да се ослободува од политичките стеги Read More »

Ќе се изработи Катастар на зеленило во Општина Кисела Вода


 Град Скопје заедно со УНДП од денеска почнуваат со изработка на Катастар на зеленилото во Општина Кисела Вода. Во сите основни училишта и градинки на територија на општината ќе бидат евидентирани сите зелени површини, дрвја и останати насади. – Сите информации за урбаното зеленило во Кисела Вода ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило …

Ќе се изработи Катастар на зеленило во Општина Кисела Вода Read More »

Дендијас: Ќе се стремиме кон продлабочување на односите со северниот сосед


Ќе направиме сé што можеме да се намалат негативните последици од Договорот од Преспа, ќе се стремиме и кон продлабочување на односите со северниот сосед, но нема да толерираме нецелосна усогласеност, порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас во неговиот говор во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Дендијас ги презентираше …

Дендијас: Ќе се стремиме кон продлабочување на односите со северниот сосед Read More »

Педро Санчез на чекор да формира влада


Шпанија најверојатно ќе добие левичарска влада оваа недела откако Пабло Иглесијас, водачот на Подемос, се согласи да се повлече настрана за да овозможи коалиција помеѓу неговата партија и Социјалистичката работничка партија, предводена од Педро Санчез. Неколкумесечните дебати од општите избори завршија минатата недела кога Санчез изјави дека е подготвен да формира коалиција под услов Иглесијас …

Педро Санчез на чекор да формира влада Read More »

Сам против Кина


Прага – Караницата меѓу главниот град на Чешка и Кина се заканува да зоврие, додека Пекинг го предупредува градоначалникот на Прага, Здењек Хриб, да престане да ги поткопува односите меѓу двете земји. Во средата, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, на прес-конференцијата во Пекинг изјави дека Хриб и неговата градска администрација презеле …

Сам против Кина Read More »

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата


Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во Собранието, велат од Министерството за правда за МИА. Посочуваат дека ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со …

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата Read More »

Њујорк: Се топат каблите од жештина


Околу 40.000 њујорчани немаат електрична енергија поради бранот жештини и влажното време што го погоди овој американски град.   Од 40.000, дури 20.000 се потрошувачи во Бруклин на кои струјата им беше исклучена во неделата за комуналната служба да може да изврши поправки и да спречи поголемо исклучување на електричната енергија, рече градоначалниикот на Њујорк, …

Њујорк: Се топат каблите од жештина Read More »

РТК: Вонредните избори во Косово ќе се одржат на 8 септември


Државната радио-телевизија на Косово РТК, повикувајќи се на извори во кабинетот на претседателот на државата, објави дека вонредните избори, по оставката на премиерот Рамуш Харадинај, ќе се одржат на 8 септември годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Изворите тврдат дека претседателот Хашим Тачи се одлучил за споменатиот датум согласно законските и уставните рокови. По …

РТК: Вонредните избори во Косово ќе се одржат на 8 септември Read More »

Хелсиншки комитет: Се зголемува бројот на дела од омраза, лани регистрирани 123


Сто дваесет и три инциденти и дела од омраза регистрирал Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2018 година. Во најголем дел од нив, односно во 64,2 отсто основ била етничката припадност, а во 25,2 отсто политичката припадност. Најмногу од делата – 67 биле насилство, во 26 имало оштетување имот, а телесни повреди имало во 18 …

Хелсиншки комитет: Се зголемува бројот на дела од омраза, лани регистрирани 123 Read More »

Индија успешно лансираше ракета на Месечината


Индија денеска успешно ја лансираше својата втора мисија на Месечината, откако пред една недела го прекина лансирањето на леталото поради технички проблеми. Ракетата Чандрајан 2 е лансирана денеска од вселенската станица Шрихарикоте, а се вршел и телевизиски пренос. Индија очекува дека нејзината мисија, вредна 150 милиони долари, ќе биде прва која ќе слета на јужниот …

Индија успешно лансираше ракета на Месечината Read More »