Во среда половина Аеродром без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ е добиено известување дека заради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник 100 мм на Бул. „Јане Сандански“ бр. 107 во нас. Аеродром, без водоснабдување од 8 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од ниската зона од непарните броеви од бр. 61 до бр. 109. (Општина Аеродром)

Земјотреси во Истанбул


Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди денеска југозападниот дел на Истанбул. По него имало и втор земјотрес со иста јачина. Првиот земјотрес во 11 часот е регистриран на длабочина од околу 10 километри во Мраморното Море, а вториот во реонот на Силиври, исто така во Мраморното Море. Засега нема извештаи за загинати или …

Земјотреси во Истанбул Read More »

Порачале фустани преку интернет, а добиле таблети „екстази“ вредни 500.000 евра


Австриска двојка заврши со 24.000 таблети „екстази“, иако по пат на интернет нарачале два фустани, објави полицијата во Линц. Истражителите соопштија дека дрогата е вредна 500.000 евра. На двојата од Линц им стигнале два пакета. Додека во еден од пакетите биле фустаните кои ги чекале од Холандија, вториот бил невообичаено тежок. Кога сопругата го отворила, …

Порачале фустани преку интернет, а добиле таблети „екстази“ вредни 500.000 евра Read More »

Золтан Ковач: ЕУ треба веднаш да почне преговори за членство со Северна Македонија


Европската унија би требало веднаш да ги започне преговорите за членство на Северна Македонија, изјави унгарскиот државен секретар за меѓународни односи, Золтан Ковач. Ковач, за време на посетата на Виена, истакна дека унгарската Влада верува оти проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан треба да биде приоритет на Брисел, нагласувајќи дека Будимпешта е против одлагање на …

Золтан Ковач: ЕУ треба веднаш да почне преговори за членство со Северна Македонија Read More »

Заев-Мамадиаров: Наскоро преговори за целосно заемно укинување на визите со Азербејџан


Можноста за укинување на визите и за соработка во енергетиката биле меѓу темите на разговор на средбата на премиерот Зоран Заев, со шефот на делегацијата и министер за надворешни работи на Азербејџан, Елмар Мамадиаров на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која Заев бил …

Заев-Мамадиаров: Наскоро преговори за целосно заемно укинување на визите со Азербејџан Read More »

Израел: Од јазол во јазол по изборите


Шансите на Бенјамин Нетанјаху да биде избран да ја формира следната влада на Израел се чини дека се подобриja откако тројца политичари од арапското малцинство во земјата ставија до знаење дека нема да го поддржат неговиот ривал. Во неделата сојузот на арапските парламентарци, кои претежно ги претставуваат палестинските граѓани на Израел, објавија дека ќе го …

Израел: Од јазол во јазол по изборите Read More »

(ВИДЕО) Сенатор на Хаити отвори оган пред парламентот, двајца повредени


Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата на парламентот во главниот град Порт-о-Пренс. Во Хаитите сенатор отвори оган за време на вчерашниот протест пред парламентот, при пукањето тој повредил две лица, јавуваат светските медиуми. Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата …

(ВИДЕО) Сенатор на Хаити отвори оган пред парламентот, двајца повредени Read More »

Виз Ер Скопски маратон за прв пат квалификациски за СП


Трката на Виз Ер Скопскиот маратон што ќе се одржи на 10 мај 2020 година за прв пат ќе биде квалификациска трка за светско првенство за старосни категории под капата на „Abbott World Marathon Majors“. – Виз Ер Скопски маратон стана партнер со „Abbott World Marathon Majors“. Ова е серијал од шестте најголеми маратони познат …

Виз Ер Скопски маратон за прв пат квалификациски за СП Read More »

Филипче на Самитот за универзална здравствена покриеност на ГС на ОН


Универзалната здравствена покриеност е главна цел за здравствени реформи во нашата земја, истакна министерот за здравство Венко Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Филипче, како што соопшти владината прес-служба, нагласи дека таа цел произлегува од заедничката визија на Владата на Република Северна …

Филипче на Самитот за универзална здравствена покриеност на ГС на ОН Read More »

„Адриа ервејс“ привремено ги откажа сите летови од и до Скопје


Словенечката авиокомпанијата „Адриа ервејс“ привремено ги прекинува сите летови од своите бази во Љубљана, Приштина и Тирана, а соодветно на тоа и сите летови до и од аеродромот во Скопје.   Адриа Ервејс ги советува патниците доколу патуваат на 24 и 25 септември задолжително да ги контактираат канцелариите од каде ги купиле авионските билети. – …

„Адриа ервејс“ привремено ги откажа сите летови од и до Скопје Read More »

Во Минхен се одржува 186. Октоберфест, Шварценегер лудува со девојката


Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен, Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври. Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе. По примерот на Минхенскиот настан, и други градови од светот ги одржуваат Октоберфестовските прослави. Од …

Во Минхен се одржува 186. Октоберфест, Шварценегер лудува со девојката Read More »

Денеска штрајк ќе ја парализира Грција


Синдикати, федерации и здруженија на работници од Грција, за денеска закажаа генерален 24-часовен штрајк што ќе ја парализира земјата. Штрајкот е одговор на планот на владата да донесе закон што содржи измени во законот за синдикатите, за колективните договори и здравственото осигурување. Паралелно бараат покачување на платите и пензиите, постојани вработувања и запирање на приватизациите. …

Денеска штрајк ќе ја парализира Грција Read More »

Деветмина повредени во десет сообраќајки во Скопје


Девет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи …

Деветмина повредени во десет сообраќајки во Скопје Read More »

Наскоро обвинение за „Рекет“


  Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, кој е познат во јавноста како Боки 13, вчера напладне од затворот во Шутка, со полициска придружба, беше однесен во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција каде што требаше да даде исказ. Но обвинителката која го води случајот, Вилма Русковска, ги изненади и него и неговиот бранител, …

Наскоро обвинение за „Рекет“ Read More »

Британскиот Врховен суд ќе одлучува за суспензијата на Парламентот


Британскиот Врховен суд денеска ќе одлучува за тоа дали одлуката на премиерот Борис Џонсон за суспензија на Парламентот е незаконска.Таква одлука може да значи порано свикување на Парламентот што ќе им даде време на пратениците да ги опструираат плановите на Џонсон за брегзит. На 28 август, Џонсон ја советуваше кралицата Елизабета Втора да ја суспендира …

Британскиот Врховен суд ќе одлучува за суспензијата на Парламентот Read More »

Ќе бара кривична одговорност за поморот на рибите во Вардар


Помор на риби беше забележан викендов по течението на реката Вардар во Општина Аеродром, а според првичните сознанија загадувањето најверојатно доаѓа од кругот на поранешна „Железара“.Од Град Скопје рекоа дека спровеле вонреден инспекциски надзор и дека се земени примероци од водата, но до вчера немаа одговор кој е одговорен за поморот, ниту пак колкава површина …

Ќе бара кривична одговорност за поморот на рибите во Вардар Read More »

(Видео)„Фокс њуз”: Тунберг е ментално болно шведско дете, лик од хорор филм


Американската телевизија „Фокс њуз” ја нарече шведската активистка Грета Тунберг „ментално болно шведско дете” додека водителка на телевизијата ја спореди со лик од хорор филмот „Деца од пченката”.   Во својата емисија синоќа на „Фокс њуз” Лора Инграм ја нападна Тунберг, споредувајќи ја малолетната девојка со протагонистите од филмуваната хорор приказна на Стивен Кинг во …

(Видео)„Фокс њуз”: Тунберг е ментално болно шведско дете, лик од хорор филм Read More »

Меси му даде глас на Роналдо, Кристијано не го вклучи Аргентинецот во првите тројца


Деталите за гласањето за најдобриот играч на ФИФА станаа познати. Победник беше играчот на Барселона, Лионел Меси. Неговите три гласа отидоа кај: 1.Садио Мане 2.Кристијано Роналдо 3.Френки де Јонг. Кристијано Роналдо на прво место го стави дефанзивецот на Јувентус, Метју де Лихт и не му даде глас на Меси: 1.Метју де Лихт 2.Френк де Jонг …

Меси му даде глас на Роналдо, Кристијано не го вклучи Аргентинецот во првите тројца Read More »

Платете данок на имот и фирмарина, оти ќе ви блокираат сметки


Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година. Во март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и …

Платете данок на имот и фирмарина, оти ќе ви блокираат сметки Read More »

Националниот сојуз на глувите бара зголемување на надоместокот за мобилност


Националниот сојуз на глуви и наглуви денеска од пратениците побара поддршка за зголемување на надоместокот за мобилност, кој сега изнесува 4.000 денари. Нивни претставници на Денот на знаковната азбука – 23 септември беа во посета на Собранието, каде се одржа тркалезна маса на која тие ги искажаа своите барања и очекувања. Генералниот секретар на Националниот …

Националниот сојуз на глувите бара зголемување на надоместокот за мобилност Read More »