(ВИДЕО) Сенатор на Хаити отвори оган пред парламентот, двајца повредени


Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата на парламентот во главниот град Порт-о-Пренс.

Во Хаитите сенатор отвори оган за време на вчерашниот протест пред парламентот, при пукањето тој повредил две лица, јавуваат светските медиуми.

Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата на парламентот во главниот град Порт-о-Пренс.
Притоа тој го погодил Чери Диеу Нали, фотограф на АП. Во инцидентот е повреден и Леон Лебланк, припадник на обезбедувањето.

Диеу Нали, кој носел значка „прес“, бил погоден в лице. Тој сега е во болница и се опоравува. Не е познато каква е здравствената состојба на чуварот Лебланк.

Сенаторот рече дека користел огнено оружје затоа што се бранел од демонстрантите бидејќи наводно му се заканувале вооружени лица.