Во Минхен се одржува 186. Октоберфест, Шварценегер лудува со девојката

Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен, Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври.

Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе. По примерот на Минхенскиот настан, и други градови од светот ги одржуваат Октоберфестовските прослави.

Од 2007 година, „Октоберфест“ се одржува и во Скопје, во организација на Македонско-германското стопанско здружение.

Минхенскиот Октоберфест традиционално се одржува шеснаесет дена, вклучувајќи ја и првата недела од октомври. Во 1994 година, како резултат на германското обединување, распоредот бил изменет, така што оттогаш натаму, ако првата недела од октомври паѓа на први или втори октомври, тогаш фестивалот продолжува до трети октомври (Германскиот ден на обединување).

Фестивалот се одржува во областа неречена „Theresienwiese’’, најчесто нарекувана ’’d’Wiesn’’, која го носи името на принцезата Тереза.

Посетителите исто така јадат огромни количини храна, најчесто традиционална храна како: ’’Hendl’’ (пилешко месо) , ’’Schweinsbraten’’(печено свинско месо) ,’’Haxn’’ (свинска коленица) , ’’Würstel’’ (колбаси) заедно со ’’Brezel’’ (переци), ’’Knödeln’’(компири или лебни кнедли) , ’’Käsespätzle ’’ (сирењаци) , ’’Reiberdatschi’’(компир – палачинки) , ’’Sauerkraut’’ или ’’Blaukraut’’(црвена зелка) со некои баварски специјалитети, како ’’Obatzda’’ (масно вариво зачинето со сирење и путер) и ’’Weisswurst’’ (бел колбас).

Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе.

Првобитниот „Октоберфест“ се одржал на 18 октомври 1810 година, во Минхен, како прослава на венчавката на крунисаниот принц Лудвиг (подоцна крал Лудвиг Први) со принцезата Тереза од Саксен-Хилдбургсхаузен. Тогаш, тие организирале раскошна трка со коњи (свадбата се одржала на 12 октомври, а трката со коњи на 17 октомври, па оттаму постојат две различни дати за почетокот на „Октоберфест.

По завршувањето на „Октоберфест“ секоја година има околу 1.000 тони отпадоци. Чистењето е платено половина од градот Минхен, а половина од спонзорите. По 2004 година, редовите за во тоалет толку се зголемиле, што полицијата морала да ги регулира влезовите. Поради тоа, во 2005 година, бројот на тоалети пораснал за 20 проценти, т.е. сега се достапни приближно 1.800 тоалети.

Многу посетители на „Октоберфест“ ги посетуваат тоалетите за да се послужат со телефон. Поради тоа, во 2005 година било планирано да се намести Фарадеев кафез околу тоалетите за да се спречи телефонирањето со мобилни телефони.

Бидејќи таквите градби не се дозволени во Германија, наместо тоа, биле поставени предупредувачки знаци пред тоалетите за корисниците на тоалетите да не ги користат мобилните телефони во кабините.

Шварценегер со 28 години помлада девојка лудуваше на Октоберфест 

Популарниот актер Арнолд Шварценегер (71) и девојка му Хедер Милиган (43) го посетија Октоберфест која се одржува во Минхен, Германија.

Актерот и неговата 28 години помлада девојка се „фатени“ додека наздравуваа, пиеја пиво и се забавуваа.

Популарниот Терминатор беше доста расположен, па во еден момент се качи на бината на која свиреше локална рок-група. Тој им се придружи, почна да танцува и … толку требаше за да им го украде шоуто!