Синови го ограбиле таткото во Куманово


  Во неделата во 22.30 часот во СВР Куманово, Р.С.(65) од Куманово пријавил дека во неговиот дом на ул.„Драги Шутевски“, неговите синови И.С.(30) и Е.С.(17) извршиле разбојништво над него. Според пријавеното, тие со употреба на сила влегле во домот и му одзеле пари. За време на увидот парите биле пронајдени во дворот. По расчистување на …

Синови го ограбиле таткото во Куманово Read More »

Кавадарчанец 10 години си наводнувал нива без да плати вода


СВР Велес – Полициската станица Кавадарци поднесе кривична пријава против З.Ј.(45) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на вода. Пријавениот, пред околу 10 години, без одобрение од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, на место викано „Катуниште“, со спојка и црево долго неколку стотици метри се приклучил на одводна цевка …

Кавадарчанец 10 години си наводнувал нива без да плати вода Read More »

Кина го затвора најстариот аеродром во престолнината


  Најстариот аеродром во Кина, отворен уште во 1910 година, за време на владеењето на династијата Чинг, се подготвува да престане со работа. Имено, во кинеската престолнина се подготвува отворање на меѓународниот пекиншки аеродром „Дасинг“, идната најголема крстосница на светот, пренесе РТ. Од новиот аеродром, чија цена изнесува 80 милијарди јуани (11,3 милијарди долари) и …

Кина го затвора најстариот аеродром во престолнината Read More »

Бесмислени партиски пресови


АЛЕКСАНДАР КРЖАЛОВСКИ          Во очекување нешто позитивно да се случи во или со државава, денес ќе се осврнам на уште една од бесмислените работи (барем според мене), кои на чуден начин ни станаа дел од нормалното (или очекуваното) однесување – а тоа се партиските пресови, односно секојдневните прес-конференции, особено на водечките две …

Бесмислени партиски пресови Read More »

Конференција: Потребен е колективен отпор на институциите да се справат со корупција


Потребен е колективен отпор на институциите да се справат со корупција. Не е важно колкав ќе биде бројот на случаи што Антикорупциска комисија ќе ги отвори, туку колку случаи на корупција ќе се затворат и како тие ќе придонесат во иднина за колективниот имунитет на институциите на корупција. Ова денеска беше истакнато на првата конференција организирана …

Конференција: Потребен е колективен отпор на институциите да се справат со корупција Read More »

Сугарески: За десетина дена почнува проширување и обнова на патот Крива Паланка-граничен премин Деве Баир


За десетина дена се очекува да почне рехабилитацијата на патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир, со изградба на трета лента, што ќе значи целосно решавање на проблемот со патната инфраструктура во овој регион и подобрување на сообраќајното поврзување, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Крива Паланка.  Сугарески и …

Сугарески: За десетина дена почнува проширување и обнова на патот Крива Паланка-граничен премин Деве Баир Read More »

Рекострукција на улицата „Бихаќска“ во следните 30 дена


Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улицата „Павел Шатев„ поранешна „Бихаќска“ и на улицата „Црниче“, меѓу општините Центар и Кисела Вода. Овој коловоз ќе се обнови на должина од 810 метри, на потегот од крстосницата кај подвозникот, па се до улицата „Востаничка“. Увид во градежните …

Рекострукција на улицата „Бихаќска“ во следните 30 дена Read More »

ЕУ ќе учествува на Климатскиот самит, но активистите бараат поамбициозни мерки


Европската Унија на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Њујорк пристигнува со “силни заложби“, велат од Европската Комисија, но активистите бараат поамбициозни мерки. Европската Унија на Климатскиот самит кој се отвора денес, паралелно со Генералното Собрание на ОН, ќе ја застапуваат претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, потпретседателот на Европската Комисија и иден комесар за …

ЕУ ќе учествува на Климатскиот самит, но активистите бараат поамбициозни мерки Read More »

Поскапуваат бензините и дизелот


Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 72 денари, а Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар. …

Поскапуваат бензините и дизелот Read More »

Сани Шенер: Жена ми, ќерка ми и зет ми чекаат македонски пасош


По 22 години на врвот на холдингот „ТАВ аеродроми“, неговите соработници велат дека не влегува на листата на најбогати Турци, но Сани Шенер е на многу листи за највлијателни лидери во градежништвото и бизнисот. Негова специјализација се аеродромите, стратегиските вложувања и инвестирањето во инфраструктура. Во портфолиото на ТАВ има 14 аеродроми во 7 држави. Во …

Сани Шенер: Жена ми, ќерка ми и зет ми чекаат македонски пасош Read More »

Попладне нестабилно со дожд над 20 литри


Нестабилно со повремени врнежи од дожд, што на места ќе бидат и над 20 литри на квадратен метар, најавуваат метеоролозите за денеска попладне и утре. Од УХМР информираат дека денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите …

Попладне нестабилно со дожд над 20 литри Read More »

Администрацијата на Општина Аеродром се ослободи од е-отпадот


Администрацијата на Општина Аеродром денеска се ослободи од старите и дотраени електронски апарати. Здружението „Нула отпад“ денеска од просториите на Општина Аеродром подигна 21 компјутер, 29 монитори, три лаптопи, два печатачи, 30 тастатури и шест мауси. Општина Аеродром со ова се вклучи во низата акции што веќе неколку години ги организира „Нула отпад“ на ниво …

Администрацијата на Општина Аеродром се ослободи од е-отпадот Read More »

Анализа на Форд: Речиси половина Американци уверени дека на електричните автомобили им е потребен бензин


Од автомобилската компанија Форд објавија резултати од независно истражување спроведено во Европа, Кина и во САД каде се укажува дека 42 отсто Американци се уверени дека на електричните возила им е неопходен бензин за да се движат. Освен тоа, 80 отсто Американци не би одбрале електричен погон за своето возило поради екстремните временски прилики. Во …

Анализа на Форд: Речиси половина Американци уверени дека на електричните автомобили им е потребен бензин Read More »

Одбиено барањето за запирање на „Таргет – Тврдина“, судењето продолжи со сведочење на Верушевски


Судечкиот совет го одби барањето на адвокатите на обвинетите за запирање на постапката за предметот „Таргет -Тврдина“ како неосновано иденешното рочиште продолжи со сослужување на сведокот Зоран Верушевски. Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски на судењето во Кривичниот суд појасни дека законот на СЈО  е во правна сила до 2020 година со што само СЈО …

Одбиено барањето за запирање на „Таргет – Тврдина“, судењето продолжи со сведочење на Верушевски Read More »

Рама сепак отпатува во Њујорк


Албанскиот премиер Еди Рама го смени планот и сепак отпатува во Њујорк на заседанието на Генералното собрание на ОН. – Денеска е вообичаен ден во Албанија и одлучив да отпатувам во Њујорк, каде ќе се сретнам со претседателот на САД и други шефови на држави или влади, или личности. Во име на Албанија ќе говорам …

Рама сепак отпатува во Њујорк Read More »

Пратениците сега трошат и за патарини, и за кирии


Сакајќи да стават крај на критиките од јавноста дека земаат прилично големи суми за патни трошоци двете пратенички од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска и Лилјана Затуроска западнаа во нова неволја – сега не како друмски антихерои, туку како кираџики. Пратеничките од Прилеп и Битола ја искористиле ланската одлука на Собранието да изнајмат стан во висина од …

Пратениците сега трошат и за патарини, и за кирии Read More »

Берлускони: Милан ме разочара


Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони не беше задоволен од изданието на „росо-нерите“ во натпреварот од 4. коло на италијанскиот шампионат со градскиот ривал Интер (0:2). – Се обидов да го гледам на ТВ, но по некое време фудбалот на Милан едноставно ме разочара.  Малдини и Бобан? Следното прашање … Само ќе кажам дека ги …

Берлускони: Милан ме разочара Read More »

Стефановиќ: Власта подготвена за чекор напред за изборните услови


„Подготвени сме да направиме чекор напред за да ги подобриме изборните услови“, изјави денеска министерот за внатрешни работи и шеф на Работната група за подобрување на изборните услови Небојша Стефановиќ. Тој за РТС изјави дека мерките за подобрување на изборните услови на кои би можела да се обврзе изборното мнозинство можат да се применат до …

Стефановиќ: Власта подготвена за чекор напред за изборните услови Read More »

Шпанската полиција уапси деветмина каталонски сепаратисти


Деветмина каталонски сепаратисти рано утрово се уапсени во шпанската североисточна област Каталонија поради планирани насилни акции, соопшти шпанската полиција.   – Апсењето го нареди шпанскиот Врховен суд, изјави портпаролка на Цивилната гарда, без да даде детали.   Весникот Ла Вангуардиа пишува дека деветмината се уапсени за време на рација која почнала во пет часот утрово …

Шпанската полиција уапси деветмина каталонски сепаратисти Read More »

Панајотопулос: Атина ќе потпише договор за надзор на воздушниот простор на Скопје


Началниците на генералштабовите на Грција и Северна Македонија ќе потпишат договор за надзор на воздушниот простор на Скопје, што во овој момент е императив, бидејќи е во корист на нашиот национален интерес, изјави грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулос во интервју за атинскиот весник „Катимерини“. Како што jави дописничката на МИА од Атина, прашан за …

Панајотопулос: Атина ќе потпише договор за надзор на воздушниот простор на Скопје Read More »