Синови го ограбиле таткото во Куманово


 

Во неделата во 22.30 часот во СВР Куманово, Р.С.(65) од Куманово пријавил дека во неговиот дом на ул.„Драги Шутевски“, неговите синови И.С.(30) и Е.С.(17) извршиле разбојништво над него.

Според пријавеното, тие со употреба на сила влегле во домот и му одзеле пари. За време на увидот парите биле пронајдени во дворот. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.