Администрацијата на Општина Аеродром се ослободи од е-отпадот


Администрацијата на Општина Аеродром денеска се ослободи од старите и дотраени електронски апарати. Здружението „Нула отпад“ денеска од просториите на Општина Аеродром подигна 21 компјутер, 29 монитори, три лаптопи, два печатачи, 30 тастатури и шест мауси.

Општина Аеродром со ова се вклучи во низата акции што веќе неколку години ги организира „Нула отпад“ на ниво на целата територија на државата, при што граѓаните имаат можност бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад.

– Општина Аеродром во соработка со „Нула отпад“ гради систем на висока општествена одговорност и придонесува за поздрава и почиста околина. Ваквите акции имаат цел да ја зголемат свеста кај граѓаните за справувањето со опасниот отпад што ќе придонесе да се зачувува животната средина, се вели во соопштението од Општина Аеродром.