Рекострукција на улицата „Бихаќска“ во следните 30 дена

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улицата „Павел Шатев„ поранешна „Бихаќска“ и на улицата „Црниче“, меѓу општините Центар и Кисела Вода.

Овој коловоз ќе се обнови на должина од 810 метри, на потегот од крстосницата кај подвозникот, па се до улицата „Востаничка“. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на општините Центар и Кисела Вода, Саша Богдановиќ и Филип Темелковски.

– Реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона ги завршуваме во рекордно кратки рокови, зашто за нас е императив инфраструктурата која со години беше запоставена да ја доведеме во ред и да создадеме услови за безбедно одвивање на сообраќајот. Апелирам до граѓаните на дневна основа да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје и да ја почитуваат патната сигнализација – рече Шилегов.

Градежните работи на улицата „Бихаќска“ е предвидено да завршат во рок од 30 дена, а за реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 9 милиони денари.