Кавадарчанец 10 години си наводнувал нива без да плати вода


СВР Велес – Полициската станица Кавадарци поднесе кривична пријава против З.Ј.(45) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на вода.

Пријавениот, пред околу 10 години, без одобрение од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, на место викано „Катуниште“, со спојка и црево долго неколку стотици метри се приклучил на одводна цевка која излегува од хидроцентрала бр.3 и во период од 10 години ја користи водата за наводнување на неговиот лозов насад со површина од 4282 метри квадратни.