Порачале фустани преку интернет, а добиле таблети „екстази“ вредни 500.000 евра

Австриска двојка заврши со 24.000 таблети „екстази“, иако по пат на интернет нарачале два фустани, објави полицијата во Линц.

Истражителите соопштија дека дрогата е вредна 500.000 евра.

На двојата од Линц им стигнале два пакета. Додека во еден од пакетите биле фустаните кои ги чекале од Холандија, вториот бил невообичаено тежок.

Кога сопругата го отворила, видела проѕирни вреќички со обоен материјал за кој најпрво мислеле дека се каменчиња за украсување, пишува Н1. Но, на сопругот тоа му било сомнително, па пакетот го вратил во пошта од каде викнале полиција.

Истражителите ја откриле дрогата, која место во Шкотска, по грешка била пратена во Австрија.

Шкотските полицајци го откриле нарачателот и го уапсиле, додкеа нивните колеги од Холандија се обидуваат да скријат кој го пратил.