Тридневни антивладини протести во Алжир
Трет ден по ред протестираат граѓаните на Алжир поради намерата на претседателот Абделазиз Бутефлика да добие петти мандат. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Демонстрантите од петокот бараат власта да се откаже од намерата 81-годишниот Бутефлика, кој ретко се појавува во јавност, да учествува на претседателски избори, што се закажани на 18 април. …