Место 200, во касарната во Пепелиште само деветмина


Домашен карантин сакаат деветтемина сместени во карантин во касарната во Пепелиште, откако власта најави дека сите кои поминаа граница на „Деве Баир“ ќе бидат сместени таму.

– Сакаме домашен карантин. Ништо друго. Само ние деветмина завршивме во касарната во Пепелиште. Кај се другите?

Ова за ТВ 24 синоќа го изјавија членови на музичка група од Битола откако од Деве Баир биле донесени во изолација, карантин во касарната во Пепелиште. Властите вчера најавија дека тука ќе се сместат 200 македонски граѓани кои се враќаа од европските земји преку Дебе Баир.

Вчера властите информираа дека во касарната во Пепелиште во карантин ќе се сместат 200 македонски граѓани кои организирано од граничниот премин Деве Баир ќе бидат донесени во Пепелиште и под надзор ќе мора тука да поминат 14 дена. Тие претходно заглавија по аеродромите и граничните премини на средно ризичните европски земји според листата на Светската здравствена организација.

Но, синоќа таму стигнале само деветмина. Тие велат дека сите други биле пуштени по дома, во изолација во домашен карантин.

Битолчаните во видео материјалот што сами го снимија велат дека условите во објектот биле катастрофални.